From Wikipedia, the free encyclopedia
Космос-3 — еден од над 2.400 советски вештачки сателити лансирани во рамките на програмата „Космос“.
Космос-3 | |
---|---|
Тип на мисија | сателит наменет за истражување на вселената, Земјата и горните слоеви на атмосферата |
Датум на лансирање | 24 април 1962 |
Место на лансирање | Капустин Јар, СССР |
Крај на мисијата | влегол во атмосферата во 1962 |
Орбитален наклон | 49,0 ° |
Орбитален период | 93,1 минути |
Апоапсида | 632 км |
Периапсида | 226 км |
Меѓународна ознака | 1962-013A |
Сателитот е лансиран од космодромот Капустин Јар, СССР на 24 април 1962 г. Во орбитата околу планетата Земја бил исфрлен од носечка ракета. Масата на сателитот при лансирањето изнесувала 330 килограми. Космос-3 бил сателит наменет за истражување на вселената, Земјата и горните слоеви на атмосферата.
Исфрлувањето на сателитот било на ниска орбита околу Земјата. Периодот на обиколување на сателитот околу Земјата изнесувал 93,1 минути, додека аголот на наклонетост на орбиталната рамнина во однос на рамнината на екваторот изнесувала 49,0°. Најголемото растојание од Земјата го достигнал на 632 км, а најмалото на 226.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.