Косел
село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Косел — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во околината.
Косел | |
Поглед на селото | |
Координати 41°10′27″N 20°50′8″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Охрид |
Област | Охридско |
Население | 566 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6306 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19022 |
Надм. вис. | 750 м |
Косел на општинската карта Атарот на Косел во рамките на општината | |
Косел на Ризницата |
Името на селото доаѓа од турскиот збор „косел“, кој означува сулфур. Така е наречено поради постојаниот мирис на сулфур во селото, кој доаѓа од солфатарата Дувало (погрешно нарекувана „вулкан“).[2]
Ова село се наоѓа во Охридската Котлина, североисточно од Охридското Езеро, а недалеку северно од градот Охрид, сместено на регионалниот пат Охрид-Ресен-Битола. Денес, се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Охрид.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 730 метри.[3]
Косел се наоѓа долж бреговите на Коселска Река. Тоа е познато село, сместено северно од градот Охрид. Околни села се: Опеница, Вапила, Горно Лакочереј и други. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари и извори, но и пумпи. Од 1965 година, во селото постои водовод.[2]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Плевниште, Голачица, Турска Бранејнца, Јасика, Мотрума, Свети Илија, Вишеста, Кисела Вода, Бел Камен, Ледиње, Вапилица, Муратица, ’Рвеник, Гроб, Гавела, Бучало, Крувче, Злинка, Вирот, Амбарчица и Костенот.[2]
Селото во основа има збиен тип. Поради регионалниот пат кој минува низ селото, истото е издолжено во насока североисток-југозапад. Главните маала се нарекувани по родовите како: Раповци, Кросновци, Масовци и други.[2] Традиционално се дели на две маала, Горни и Долни Косел, иако во Долни Косел живеат многу малку жители (повеќето се иселени).
Косел се наоѓа во Охридско-коселската вулканска област што се протега северно од Охрид. Така, селото е сместено на Коселскиот Расед и може да се сретнат поствулкански појави, како што се мофетите. Најпозната е солфатарата-мофета над Косел, наречена Дувало.[4]
Поради поволните услови за земјоделство и пасишта на планинскиот дел на атарот, живот во селото постоел одамна. Траги од тие периоди можат да се забележат во топонимите, старите гробови и друго. Месноста Градиште е возвишување десно од патот Охрид-Ресен, за која се верува дека била тврдина од која бил заштитуван сообраќајот на овој пат. Косел отсекогаш бил важен сообраќаен јазол.[2]
Во XIX век, Косел било село во Охридската каза на Отоманското Царство.
Пред крајот на турската власт, во селото постоеле неколку турски чифлици. Сопствениците на чифлиците живееле во Охрид.[2]
Во минатото селото се делело на два дела, Горен и Долен Косел. Меѓутоа, Долен Косел воглавно не постои, бидејќи неговите жители се иселиле или пак се населиле во Горен Косел.[2]
Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 331 хектар, на шумите отпаѓаат 336 хектари, а на пасиштата само 11 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 331 хектар, на шумите отпаѓаат 336 хектари, а на пасиштата само 11 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство, бидејќи селото поседува и ниви и планински терен. Поради близината со градот Охрид, многумина работат и таму.[2]
Со создавањето на индустриска зона на излезот од Охрид кон Битола, многу стопанственици отворија свои фирми во атарот на селото. Најзначаен капацитет е фабриката „ЕМО“, која денес е затворена.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото Горен Косел е посочено со 35 домаќинства и 98 жители, селото Долен Косел е посочено со 10 домаќинства и 46 жители.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Косел живееле 330 жители (Горен - 300, Долен 30), сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Косел имало 560 жители (Горен Косел - 320, Долен Косел 240), под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото било поделено на горно и долно маало, каде Горно Косел имало 200 жители, додека пак Долно Косел имало 300 жители, сите Македонци.[8]
Косел е средно по големина село, кое што во 1961 година имало 794 жители, а во 1994 година 657 жители, од кои 647 биле Македонци, двајца Срби и осум други.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Косел живееле 586 жители, од кои 576 Македонци, 6 Срби и 4 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 566 жители, од кои 553 Македонци, 1 Албанец, 2 Срби, 1 останат и 9 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 330 | 560 | 615 | 657 | 794 | 798 | 834 | 716 | 657 | 586 | 566 |
Косел е македонско православно село, во селото има староседелски родови и доселенички.[2]
Родови во селото Косел се:
Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална Општина Косел.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Косел.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Косел, во која селото Косел, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа и Сирула. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула.
Во селото постои избирачкото место бр. 1336 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 527 гласачи.[16]
Се знае за следните иселени родови од селото: Стојаноски (10 к.) и Николоски (3 к.), живеат во Орман и Петревски (1 к.), живеат во селото Горенци.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.