Копачин Дол
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
Копачин Дол (албански: Kopaçindolli; Копачиндоли, локално Kapizhdoll; Капиждол) — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 907 жители.
Копачин Дол | |
Координати 41°57′33″N 21°8′18″E | |
Општина | Желино |
Население | 818 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 28038 |
Надм. вис. | 657 м. м |
Копачин Дол на општинската карта Атарот на Копачин Дол во рамките на општината | |
Копачин Дол на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено по горниот тек на реката Суводолица во северните склонови на планината Сува Гора. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје и во близина на селото се Групчин, Чифлик и Ново Село.
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 166 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 36 куќи со 237 жители Албанци.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По Балканските војни е забележано со 224 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 907 жители, од кои 898 Албанци и 9 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 818 жители, од кои 753 Албанци, 1 останат и 64 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 166 | — | 391 | 428 | 468 | 600 | 715 | 0 | 852 | 907 | 818 |
Копачин Дол е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се: Стогодин (10 к.) поалбанчени Македонци. Они се староседелци во селото; Раман (16 к.), Сирчек (18 к.), Русталар (5 к.), Качер (1 к.) и Ајредин (1 к.) сите доселени од Албанија.[12]
Во селото постои избирачкото место бр. 2096 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 931 гласач.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.