From Wikipedia, the free encyclopedia
Коефициентот на интелигенција (IQ), честопати погрешно наречен „количник на интелигенција“[1], е нумерички показател за степенот на развој на интелигенцијата. Се пресметува според формулата:
При проценувањето на интелигенцијата како сложена психолошка функција се земаат в предвид општата способност на личноста (Г-фактор или генерален/општ фактор) и посебни способности (С-фактори или специфични фактори). Интелигенцијата не се определува само врз основа на една одлика од некоја специфична способност, доколку не се присутни други општи способности. Тогаш обично се вели на пр. за просечната интелигенција со посебна дарба за одредена способност. Во такви случаи, често се среќава нешто пониска интелигенција, отколку што може да се очекува. Овој вид на размислување, поделен на главни и специфични фактори кои ја одредуваат интелигенцијата на една личност, е критикуван од авторите кои се залагаат за мултифакторна теорија на интелигенција, која ги зема предвид сите релевантни способности.
Процесите на интелигенција бараат и функционирање на други психолошки функции, како што се свеста, перцепцијата, размислувањето, меморијата, кои се неопходни за нормален развој на интелигенција.
Според теоријата на наследност, генетското условување се зема предвид во развојот на интелигенцијата. Истовремено, се наведува и големото значење на факторите на околината кои го активираат генетското наследените особини и потоа ја развиваат интелигенцијата до степенот определен во генетскиот код на поединецот. До овие сфаќања се дојде преку долгорочни студии за развојот на интелигенцијата кај близнаците кои живееле во различни средини заедно или одделно.[2][3][4]
Времето на развој е прашање на дебата и несогласување меѓу многу истражувачи. Додека некои тврдат дека интелигенцијата се развива до 15-16 години, други веруваат дека процесот на развој завршува околу 24-25-тата година. Има автори кои сметаат дека интелигенцијата, особено кај одредени личности, се развива и по 50-тата години од животот.
Мерењето на интелигенцијата се врши со помош на тестови за интелигенција прилагодени за одредена возраст и популација и ова спаѓа во доменот на работата на психолозите. Резултатот од тестот е количникот на интелигенција кој се добива со делење на умствена (ментална) возраст и календарската возраст (во месеци).
Коефициентот на интелигенција се пресметува според формулата:
На пример, десетгодишно дете кое постигнувало резултат од просечен тринаесетгодишник на тест за интелигенција има количник на интелигенција 130 (100x13/10). На нумерички тест од 8 или 16 прашања, лице на возраст од 12-40 години може да има коефициент на интелигенција од 35,70,120,166,180,200 во зависност од прашањето.
Кај возрасните, коефициентот на интелигенција не зависи од возраста, но резултатот на одреден тест за интелигенција е мерка за релативниот развој на интелигенцијата на поединецот во рамките на референтната група за која е стандардизиран тестот.
Во зависност од вредноста на количникот, нивото на интелигенција може да се подели во неколку групи:
Присуство на нарушувања на интелигенцијата со вредности помали од 70 од раѓање, или ако овие нарушувања настанале во текот на развојот на интелигенцијата, тогаш се работи за ментална ретардација (олигофренија, душевна-ментална заостанатост, слабоумност), која понатаму се дели на:
Ако оштетувањето на интелигенцијата се случило подоцна кога интелигенцијата веќе била развиена, тогаш се работи за деменција.
Со други зборови, горната формула може да се користи само за пресметување на коефициентот на интелигенција кај децата, а за возрасните процедурата добивање резултат се заснова скоро на Гаусовата ѕвонаста крива со средишна вредност (просечен коефициент на интелигенција) од 100 и стандардна девијација од 15 или 16.
Поновите пристапи за пресметување на коефициентот на интелигенција се сведени на математичка трансформација (процентил, перцентил ранг) на резултатите од тестот за интелигенција.
Недоволното внесување на јод го намалува коефициентот на интелигенција за 10-15%.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.