хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Коензим А (КоА, CoA, SCoA, CoASH) е коензим познат по својата улога во биосинтезата и оксидацијата на масните киселини, и оксидацијата на пируватот во Кребсовиот циклус. Сите досега секвенционирани геноми кодираат ензими кои го користат коензимот А како нивен супстрат, а го користат околу 4% од сите клеточни ензими. За негова биосинтеза потребни се соединенијата: цистеин, пантотенска киселина и аденозин трифосфат (ATP).[1]
Назнаки | |
---|---|
85-61-0 | |
ChEBI | CHEBI:15346 |
ChEMBL | ChEMBL1213327 |
ChemSpider | 6557 |
DrugBank | DB01992 |
InChI
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
KEGG | C00010 |
MeSH | Coenzyme+A |
PubChem | 6816 |
| |
UNII | SAA04E81UX |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Структурата на коензимот А била откриена во почетокот на 1950-тите во Институтот Листер, во Лондон, од страна на Фриц Липман и неговите соработници од Харвардскиот Медицински факултет и Општата болница во Масачусетс.[2] Липман првично имал намера да го проучува трансферот на ацетилната група кај животните, а во текот на експериментите забележал фактор кој не бил присутен во ензимските екстракти, но бил евидентен кај сите органи на животните. Тој го изолирал и го прочистил факторот од свински црн дроб и открил дека неговата функција е поврзана со коензим кој бил активен во ацетилација на холин.[3] Коензимот бил наречен коензим А, што се однесува на неговата функција на "активирање на ацетатот". Во 1953 година, Фриц Липман ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина "за откривање на ко-ензим А и неговата важност во интермедиерниот метаболизам".[4]
Коензимот А се синтетизира од пантотенска киселина (витамин Б5), која се наоѓа во прехранбени производи како што се месото, зеленчукот, житариците, мешункастите плодови, јајцата и млекото.[5] Кај луѓето и повеќето животни, пантотенската киселина е значаен витамин, кој врши разновидни функции.[6] Кај растенијата и некои бактерии, пантотенската киселина може да се синтетизирана de novo, па затоа кај нив таа нема улога на витамин. Овие организми ја синтетизираат пантотенската киселина од аминокиселината аспарагинска киселина и еден метаболит од биосинтезата на аминокиселината валин.[7]
Кај сите живи организми, коензимот А се синтетизира во процес кој вклучува пет чекори и за кој се потребни четири молекули на ATP, пантотенска киселина и цистеин:[8]
Кратенките на ензимската номенклатура во загради претставуваат еукариотски и прокариотски ензими, соодветно. Овој биосинтетски пат е регулиран со инхибиција на производот. КоA е компетитивен инхибитор на пантотенат киназата, која нормално врзува ATP. Производи на биосинтетскиот процес се коензим А, три ADP молекули, еден монофосфат и еден дифосфат.
Новите истражувања покажуваат дека коензимот А може да се синтетизира и преку алтернативни патишта кога нивото на внатреклеточниот коензим А се намалува, а de novo патот е попречен.[9] Во овие патишта, коензим А треба да биде обезбеден од надворешен извор, како што е храната, со цел да се создаде 4'-фосфопантетеин. Ектонуклеотид пирофосфатите (ЕНПП) го разградуваат коензимот А до 4'-фосфопантетеин, која е стабилна молекула. Ацил-носечките белковини (ACP) исто така се користат за продукција на 4'-фосфопантетеин. Оваа патека овозможува да се надомести 4'-фосфопантетеинот во клетката и ја овозможува неговата претворање во коензим А со помош на ензимите PPAT и PPCK.[10]
Бидејќи коензим А е, во хемиски смисла, тиол, тој може да реагира со карбоксилни киселини за да формира тиоестри, со што функционира како носител на ацилна група. Тој помага во пренесување на масните киселини од цитоплазмата во митохондриите. Молекула на коензим А која носи ацилна група се нарекува ацил-КоA. Овој процес ја олеснува синтезата на масните киселини во клетката, кои се од суштинско значење за структурата на клеточната мембрана.
Коензим А е, исто така, извор на фосфопантетеинската група која се додава како простетична група на белковини, како ацил-носечката белковина и формилтетрахидрофолат дехидрогеназата.[11][12]
Коензимот А е еден од петте клучни коензими кои се неопходни во циклусот на лимонска киселина. Во форма на ацетил-коензим А, тој го започнува циклусот на лимонска киселина, донирајќи го ацетатот на оксалоацетат за да се добие лимонска киселина (цитрат). Овој процес е главниот катаболен пат кај многу организми, и е од суштинско значење за разградување на основните биолошки молекули, како што се јаглехидратите, аминокиселините и липидите.[13][14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.