Книга на пророкот Јона
книга од Библијата From Wikipedia, the free encyclopedia
книга од Библијата From Wikipedia, the free encyclopedia
„Книгата на пророкот Јона“ — книга од Стариот завет.
Бог го испраќа пророкот Јона да проповеда во градот Нинева, но тој се качува на брод со намера да побегне. За време на пловидбата, по наредба на Бога започнува голема бура, а Јона им кажува на морнарите дека тој е причината за невремето Тогаш, тие го фрлаат во морето и бурата престанува. Господ му наредува на еден кит да го проголта Јона, кој останува во утробата на китот три дена и три ноќи, а потоа китот го исфрла Јона на суво. Господ пак му наложува да појде во Нинева, каде Јона пророкува за пропаста на градот. Царот и жителите на градот се во голема жалост и се каат за направените гревови, па Господ се смилува и не го уништува градот. Јона е огорчен поради тоа што не е исполнето неговото пророштво и заминува надвор од градот. Таму, Господ наредува да изникне растение кое му прави сенка на Јона, но утредента црвите ја нагризуваат тиквата и таа овенува. Потоа, Господ му испраќа на Јона врел ветар и така го изнемоштува поради што Јона посакува да умре. Тогаш, Господ му објаснува на Јона дека, како што нему му е жал за исушеното растение, така и Господ има милост кон големиот град.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.