From Wikipedia, the free encyclopedia
Клуч (бугарски: Ключ) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Клуч Ключ | |
---|---|
Црквата „Св. Илија“ во Клуч | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска |
Општина | Петрич |
Управа | |
• Кмет | Христо Марков (СДС, ВМРО-БНД) |
Површина | |
• Вкупна | 17,8 км2 (6,9 ми2) |
Надм. вис. | м | 455
Население (2015) | |
• Вкупно | 835 |
Пошт. бр. | 2899 |
Повик. бр. | 074202 |
Рег. таб. | Е |
Селото се наоѓа на 19 километри западно од градот Петрич, на надморска висина од 455 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 17.883 км2.
Селото Клуч се наоѓа во полупланинска област во живописната област на северното подножје на планината Беласица, позната како Подгорjе. Соседните села се Јаворница и Скрт. Климата е преодна-средоземна со летен минимум и зимски максимум на врнежи од дожд (просечни годишни врнежи од дожд од околу 800 мм). Низ селото тече реката Липница или Клучка река, десна притока на Струмица, која ја заобиколува територијата на селото од северната страна. Почвите се шумски, делвијални и елувијални. Селото е едно од погодните почетни точки за искачување на триграничниот врв Тумба, Лозен и високите планини[1].
Селото Клуч има богата античка историја. Во селото има остатоци од праисториски, антички и средновековни населби. Името на селото Клуч е изведено од грчката варијанта на името Клучка клисура - (Κλειδίον, Клидион). Во т.н. Клучка клисура се одвивила историската битка на Беласица од 29 јули 1014 година помеѓу силите на цар Самуил и византискиот цар Василиј II. Теснецот Клидион се споменува во XI век од страна на Јован Скилица, Георги Кедрин, Јован Зонара, Кекавмен и други византиски хроничари. Самото село е споменето како подарок на манастирот Хиландар, во грамотата издадена од царот Стефан Душан, во 1336 година.
Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во селото живееле 163 христијански и 2 муслимански семејства[2].
Во текот на 19 век, селото било со мешано население и припаѓало кон Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клуч (Clutch) се состоело од 104 куќи од кои 120 жители муслимани и 118 Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1000 жители, од кои 800 Турци и 200 Македонци[3][5]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[6].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Селото било ослободено од отоманска власт за време на Балканската војна во октомври 1912 година. Во 1913 година, за време на војната, селото било освоено и запалено од грчката армија[7]. Локалното турско население емигрирало, а на нивно место пристигнале бегалци од Демирхисарско и Кукушко, како и планинари од Огражден.
Во 1916 година, за време на Првата светска војна, професорот Васил Златарски, како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавија, во организација на седиштето на активната армија, го посетил селото. Во својот извештај до началникот на Генералштабот на активната армија, пренесувајќи ја приказната, тој напишал дека за судбината на селото и на сите села под Беласица, при турското освојување тој соопшти дена кога ги слушал старите луѓе, тие му кажувале дека сите селата по севетните делови на Беласица биле христијански, но при освојувањето им било кажано дека нема да бидат убиени и дека ќе бидат поштедени доколку го примат исламот. Населението го примил исламот, и на тој начин се спасило[8]
Селото има добиено „Златен печат“ за уникатно европско село, поради својата стара историја и уникатно културно наследство[9].
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 759 | 1029 | 1243 | 1351 | 1196 | 1238 | 1210 | 1123 | 929 | 835 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.