From Wikipedia, the free encyclopedia
Клаудио Џентиле (роден на 27 септември 1953 година во Триполи) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.
Клаудио Џентиле | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 септември 1953 | ||
Роден во | Триполи, Либија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,78||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 1988 (34 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Маслијанико | |||
Варезе | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1971-1972 | Арона | 34 | (4) |
1972-1973 | Варезе | 34 | (1) |
1973-1984 | Јувентус | 283 | (9) |
1984-1987 | Фјорентина | 70 | (0) |
1987-1988 | Пјаченца | 20 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1974 | Италија 23 | 2 | (0) |
1975-1984 | Италија | 71 | (1) |
Раководител на екипите | |||
1998-2000 | Италија 20 | ||
2000 | Италија (асистент) | ||
2000-2006 | Италија 21 | ||
2004 | Италија 23 | ||
2014 | Сион | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Сметан за еден од најдобрите бекови во историјата на италијанскиот фудбал,[1][2] Џентиле го посветил најголемиот дел од својата играчка активност на Јувентус, клуб во кој играл единаесет сезони помеѓу 1970-тите и 1980-тите години на 20-тиот век, освојувајќи шест првенства на Серија А, два национални купа, еден Куп на победниците на куповите и еден Куп на УЕФА, а исто така играл и во едно финале на Европски куп на шампиони. Заедно со голманот Дино Ѕоф, либерото Гаетано Ширеја и левиот бек Антонио Кабрини, сите тројца клупски и репрезентативни колеги, Џентиле бил член на една од најдобрите одбранбени линии во историјата на фудбалот.[3].
За италијанската репрезентација, има 71 настап, учествувајќи на два Светски (1978 и 1982) и едно Европско првенство (1980), истакнувајќи се во неколку наврати како еден од столбовите на тимот.[4][5]
Како тренер, на чело на италијанската репрезентација под 21 година, тој го освоил Европското првенство во споменатата категорија во 2004 година.
Роден во тогашното Кралство Либија[6] од родители со потекло од Ното[7][8] израснал за време на годините на италијанската колонизација на Либија. Како дете Џентиле играл фудбал по улиците на Триполи со врсниците Арапи и други синови на доселеници:[9][10] тука стекнал цврстина и натпреварувачка злоба по што се издвојувал во текот на неговата професионална кариера.[9][10] Со прогоните на Италијанците од Либија, што започнале неколку години подоцна со режимот на Гадафи, на осумгодишна возраст со своето семејство тој се вратил во Италија[6][9] каде се населиле во Брунате, Комаско.[9]
Неговото либиско потекло му го донело прекарот Гадафи,[9][10] но никогаш не посакуван од самиот Џентиле поради гореспоменатите настани што довеле до нагло одвојување од неговата родна земја - „не сфатија колку го мразам тој прекар [...]: не можев да издржам затоа што знаев што им направи [Гадафи, „заб. на прев.“] на Италијанците и на моите роднини“[11] - наместо тоа претпочита да биде идентификуван со едноставиот прекар изведен од неговото презиме, Џенто.[10]
Во 2013 година, неговото име првично се појавило меѓу осомничените во истрагата во Фиренца за лажни гаранции за регистрација на некои клубови во Лега Про;[12] сепак, за него, шест месеци подоцна, Судот во Фиренца побарал архивирање на постапката како „целосно неповрзана“ со фактите.[13]
Веќе истакнат како еклектичен и тврд одбранбен играч во редовите на Варезе[14] во раните дваесетти години тој се појавил како „откровение“ на Јувентус во победничката кампања во првенството 1974-1975[15] благодарение на неговата способност да комбинира постојано учество во маневрот со контрола на „најопасниот противник“.[16] Се инспирирал за играта во одбрана од специјалисти за маркирање на противници како што биле Тарчизио Бургнич и Анџело Анквилети.[7]
Првично распореден во улога на десен бек, по наредба на Џовани Трапатони се пресели на спротивната страна: и покрај тоа што првично не бил навикнат на користење на левата нога,[10] се здобил со способност да изведува прецизни нафрлувања дури и со послабата нога, врз основа на прогресивната техничка префинетост што ја посакувал тренерот[17] потврдувајќи се како една од ѕвездите во освојувањето на следните две скудета на бјанконерите, во сезоните 1976-1977[10] и 1977-1978.[18]
Во следните години, афирмацијата на Антонио Кабрини како стартер на позицијата лев бек го вратила Џентиле на позицијата десно во одбраната,[19] овојпат со повеќе одбранбени задачи поради тактички потреби:[20] сепак, склоноста кон напаѓачката игра останала меѓу неговите силни страни, дозволувајќи му да формира нетипично дуо со својот соиграч од спротивната страна, со оглед на способноста на двајцата да се вклучуваат од позадина[21] и да бидат фундаментални за успесите на Јувентус и на италијанската репрезентација долги години.[22]
Покрај тоа што бил бек, тој бил користен на различни позиции во средниот ред,[7] а исто така со голема успешност по потреба ја покривал и позицијата стопер, која го принудила да ги минимизира својте офанзивни излети на противничката половина.[23] Со Фјорентина, веќе на возраст над триесет, тој се вратил да игра како бек,[20] за потоа да ја заврши својата кариера како либеро во Пјаченца.[24].
Својата фудбалска активност ја започнал во младинскиот сектор на Маслијанико,[9] од каде го зема Варезе по преговори со претседателот на Маслијанико, Р. Д'Анџело, кој заедно со него ги продал и другите надежни млади таленти како Гарганиго (подоцна станал професионалец како и Џентиле) Секи и Бјанки. Претходните преговори со Комо биле откажани од економски причини.[9] Во Варезе Џентиле го заокружил целиот младински процес,[9] но сепак тој сè уште не се сметал за достоен за првиот тим[9], па бил позајмен на Арона[14] каде ја одиграл сезоната 1971-1972 во Серија Д првенството.
Настапите на „Џенто“ го поттикнуваат Варезе да го врати во базата:[9] играјќи сезона како стартер во Серија Б (1972-1973), истакнувајќи се меѓу најдобрите млади играчи во лигата,[25] но уште еднаш тренерот Пјетро Маросо и спортскиот директор Сандро Витали не биле убедени во неговите квалитети.[9][10]
Во летото 1973 година, тој бил купен од Јувентус, на барање на Џампјеро Бониперти,[9] во вид на замена за Сандро Салвадоре кој веќе бил во поодминати фудбалски години.[26] Тој првично бил користен како резерва за Џузепе Фурино на позицијата медијано во средниот ред, поради истовременото присуство на Маркети, Спинози и Лонгобуко на бековските позиции.[10][25] Тој го направил своето првенствено деби за Јувентус на 2 декември 1973 година, во победата од 5-1 над Верона, играјќи повторно како медијано,[10] а во следните месеци постепено добивал повеќе простор во првиот тим и покрај очигледниот пад на формата кон крајот на сезоната.[9][10] Во првата сезона во Јуве, тој играл и во градското дерби против Торино во кое го чувал Клаудио Сала,[27] дуел за памтење кој често ќе се повторува во следните години.[10][28]
Почнувајќи од сезоната 1974-1975, тој го формирал стартното бековско дуо со Антонело Кукуреду;[9][29] првично користен на левото крило[10] а подоцна, по афирмацијата на Антонио Кабрини, бил преместен од десната страна, со повеќе одбранбени задачи.[20] Со другиот млад дефанзивец Гаетано Ширеја придонесува за освојување на неговото прво скудето,[30] но во првенството 1975-1976, поради дисквалификација и несогласувања со тренерот Карло Парола, привремено го загубил местото во тимот, и бил заменет со Марко Тардели.[31][32] Во следната сезона, со Џовани Трапатони како тренер, тој се вратил во почетната постава придонесувајќи за ново скудето за црно-белите[31][32] и за освојувањето на Купот на УЕФА.
Неговото искуство во Јувентус завршило во 1984 година, по единаесет сезони на верност во кои освоил вкупно шест скудета, два Купа на Италија, еден Куп на УЕФА и еден Куп на победниците на куповите. Собрал вкупно 283 настапи во лигата, а вкупно 415 вклучувајќи го Купот на Италија и европските купови.
Во летото 1984 година, на триесет и една година, тој го напуштил Јувентус за да се пресели во Фјорентина,[33] искористувајќи ги предностите на новото правило за ослободување на играчите.[24] Искуството кај виолетовите, кое траело три сезони, било исполнето со тешкотии: првично бил оспоруван од навивачите, поради неговото минато со Јувентус,[34] а подоцна имал проблеми и со тренерот Алдо Агропи[35] поради политиката за подмладување што ја водел на штета на постарите играчи.[36]
Ослободен од Фјорентина,[37] поминува неколку месеци без клуб, учествувајќи (заедно со другиот светски шампион Марко Тардели) во одморот за невработени фудбалери организиран во Помеција.[38] Во декември 1987 година, тој бил потпишан од Пјаченца, новопромовираниот клуб во Серија Б: тој излегол на терен во 20 наврати, придонесувајќи за клубот да избори опстанок пред дефинитивно да ја заврши својата натпреварувачка кариера.[24] Во својата кариера, има вкупно 353 настапи и 9 гола во Серија А.
По неговото деби во репрезентацијата до 23 години, на 29 септември 1974 година, против истата возрасна група на Југославија[39], тој го направил своето деби со сениорската репрезентација на 19 април 1975 година, на дваесет и една година, во натпреварот Италија-Полска (0-0) одигран во Рим.[40] Во текот на 1976 година, тој привремено се нашол надвор од составот на аѕурите, откако ја загубил стартната позиција во Јувентус[31] но исто така и поради некои несогласувања со селекторот Фулвио Бернардини.[41] Сепак, по враќањето во репрезентацијата тој станал редовен стартер под водството на Енцо Беарцот,[42] и го постигнал својот прв и единствен репрезентативен гол на 8 јуни 1977 година, во Хелсинки, при победата од 3-0 против Финска во натпревар од квалификациите за Светското првенство 1978.[43]
Учествувал на Светското првенство 1978 во Аргентина, на кое важел за еден од најдобрите дефанзивци на турнирот, првично играјќи како десен бек, а по повредата на Мауро Белуџи, се преселил во центарот на одбраната како стопер.[44] Бил ангажиран за маркирање на напаѓачи од светска класа како што се Марио Кемпес, Ханс Кранкл, Џони Реп и Роберто Динамите, спречувајќи ги неговите директни противници да постигнуваат голови. Подоцна, тој бил стартер и на Европското првенство 1980 организирано од неговата Италија и повторно бил меѓу најдобрите,[5][45] како и на победничкото Светско првенство 1982 во Шпанија, каде што посебно се истакнал со чувањето на Марадона и Зико.[4][5] Во двата случаи тој бил санкциониран со жолт картон, поради што ја пропуштил победата во полуфиналето против Полска;[46] тој се вратил и го започнал финалето против Западна Германија, во кое неговата основна задача била да го затвори Пјер Литбарски.[4]
Својот последен натпревар за националниот тим го одиграл на 26 мај 1984 година, на триесет години, во пријателскиот натпревар Канада-Италија (0-2) одигран во Торонто, носејќи ја капитенската лента.[47]
Вкупно за аѕурите забележал 71 настап.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
19-4-1975 | Рим | Италија | 0 – 0 | Полска | Квал. за Евро 1976 | - | ||
5-6-1975 | Хелсинки | Финска | 0 – 1 | Италија | Квал. за Евро 1976 | - | ||
26-10-1975 | Варшава | Полска | 0 – 0 | Италија | Квал. за Евро 1976 | - | ||
22-11-1975 | Рим | Италија | 1 – 0 | Холандија | Квал. за Евро 1976 | - | ||
30-12-1975 | Фиренца | Италија | 3 – 2 | Грција | Пријателска | - | ||
17-11-1976 | Рим | Италија | 2 – 0 | Англија | Квал. за СП 1978 | - | ||
22-12-1976 | Лисабон | Португалија | 2 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
8-6-1977 | Хелсинки | Финска | 0 – 3 | Италија | Квал. за СП 1978 | 1 | ||
8-10-1977 | Берлин | Западна Германија | 2 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
15-10-1977 | Торино | Италија | 6 – 1 | Финска | Квал. за СП 1978 | - | ||
16-11-1977 | Лондон | Англија | 2 – 0 | Италија | Квал. за СП 1978 | - | ||
3-12-1977 | Рим | Италија | 3 – 0 | Луксембург | Квал. за СП 1978 | - | ||
21-12-1977 | Лиеж | Белгија | 0 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
25-1-1978 | Мадрид | Шпанија | 2 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
8-2-1978 | Наполи | Италија | 2 – 2 | Франција | Пријателска | - | ||
18-5-1978 | Рим | Италија | 0 – 0 | Југославија | Пријателска | - | ||
2-6-1978 | Мар дел Плата | Италија | 2 – 1 | Франција | СП 1978 - Прва фаза | - | ||
6-6-1978 | Мар дел Плата | Италија | 3 – 1 | Унгарија | СП 1978 - Прва фаза | - | ||
10-6-1978 | Буенос Аирес | Италија | 1 – 0 | Аргентина | СП 1978 - Прва фаза | - | ||
14-6-1978 | Буенос Аирес | Западна Германија | 0 – 0 | Италија | СП 1978 - Втора фаза | - | ||
18-6-1978 | Буенос Аирес | Италија | 1 – 0 | Австрија | СП 1978 - Втора фаза | - | ||
21-6-1978 | Буенос Аирес | Холандија | 2 – 1 | Италија | СП 1978 - Втора фаза | - | ||
24-6-1978 | Буенос Аирес | Бразил | 2 – 1 | Италија | СП 1978 - натп. за 3. место | - | 4. место | |
20-9-1978 | Торино | Италија | 1 – 0 | Бугарија | Пријателска | - | ||
23-9-1978 | Фиренца | Италија | 1 – 0 | Турција | Пријателска | - | ||
8-11-1978 | Братислава | Чехословачка | 3 – 0 | Италија | Пријателска | - | ||
21-12-1978 | Рим | Италија | 1 – 0 | Шпанија | Пријателска | - | ||
24-2-1979 | Милано | Италија | 3 – 0 | Холандија | Пријателска | - | ||
26-5-1979 | Рим | Италија | 2 – 2 | Аргентина | Пријателска | - | ||
13-6-1979 | Загреб | Југославија | 4 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
26-9-1979 | Фиренца | Италија | 1 – 0 | Шведска | Пријателска | - | 46' | |
17-11-1979 | Удине | Италија | 2 – 0 | Швајцарија | Пријателска | - | ||
16-2-1980 | Неапол | Италија | 2 – 1 | Романија | Пријателска | - | ||
15-3-1980 | Милано | Италија | 1 – 0 | Уругвај | Пријателска | - | ||
19-4-1980 | Торино | Италија | 2 – 2 | Полска | Пријателска | - | ||
12-6-1980 | Милано | Италија | 0 – 0 | Шпанија | Евро 1980 - Прва фаза | - | ||
15-6-1980 | Торино | Италија | 1 – 0 | Англија | Евро 1980 - Прва фаза | - | ||
18-6-1980 | Рим | Италија | 0 – 0 | Белгија | Евро 1980 - Прва фаза | - | ||
21-6-1980 | Неапол | Чехословачка | 1 – 1 прод. (9 – 8 пен.) | Италија | Евро 1980 - натп. за 3. место | - | 4. место | |
24-9-1980 | Џенова | Италија | 3 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
11-10-1980 | Луксембург | Луксембург | 0 – 2 | Италија | Квал. за СП 1982 | - | ||
1-11-1980 | Рим | Италија | 2 – 0 | Данска | Квал. за СП 1982 | - | ||
15-11-1980 | Торино | Италија | 2 – 0 | Југославија | Квал. за СП 1982 | - | ||
6-12-1980 | Атина | Грција | 0 – 2 | Италија | Квал. за СП 1982 | - | ||
3-1-1981 | Монтевидео | Уругвај | 2 – 0 | Италија | Мундијалито | - | ||
6-1-1981 | Монтевидео | Холандија | 1 – 1 | Италија | Мундијалито | - | ||
25-2-1981 | Рим | Италија | 0 – 3 | Европа | Пријателска | - | 42' | |
19-4-1981 | Удине | Италија | 0 – 0 | Источна Германија | Пријателска | - | ||
3-6-1981 | Копенхаген | Данска | 3 – 1 | Италија | Квал. за СП 1982 | - | ||
23-9-1981 | Болоња | Италија | 3 – 2 | Бугарија | Пријателска | - | ||
17-10-1981 | Белград | Југославија | 1 – 1 | Италија | Квал. за СП 1982 | - | ||
14-11-1981 | Торино | Италија | 1 – 1 | Грција | Квал. за СП 1982 | - | ||
5-12-1981 | Неапол | Италија | 1 – 0 | Луксембург | Квал. за Евро 1984 | - | ||
23-2-1982 | Париз | Франција | 2 – 0 | Италија | Пријателска | - | ||
14-4-1982 | Лајпциг | Источна Германија | 1 – 0 | Италија | Пријателска | - | ||
28-5-1982 | Женева | Швајцарија | 1 – 1 | Италија | Пријателска | - | ||
14-6-1982 | Виго | Италија | 0 – 0 | Полска | СП 1982 - Прва фаза | - | ||
18-6-1982 | Виго | Италија | 1 – 1 | Перу | СП 1982 - Прва фаза | - | ||
23-6-1982 | Виго | Италија | 1 – 1 | Камерун | СП 1982 - Прва фаза | - | ||
29-6-1982 | Барселона | Италија | 2 – 1 | Аргентина | СП 1982 - Втора фаза | - | ||
5-7-1982 | Барселона | Италија | 3 – 2 | Бразил | СП 1982 - Втора фаза | - | ||
11-7-1982 | Мадрид | Италија | 3 – 1 | Западна Германија | СП 1982 - Финале | - | 3. титула | |
27-10-1982 | Рим | Италија | 0 – 1 | Швајцарија | Пријателска | - | ||
13-11-1982 | Милано | Италија | 2 – 2 | Чехословачка | Квал. за Евро 1984 | - | ||
4-12-1982 | Фиренца | Италија | 0 – 0 | Романија | Квал. за Евро 1984 | - | ||
12-2-1983 | Лимасол | Кипар | 1 – 1 | Италија | Квал. за Евро 1984 | - | ||
16-4-1983 | Букурешт | Романија | 1 – 0 | Италија | Квал. за Евро 1984 | - | ||
29-5-1983 | Гетеборг | Шведска | 2 – 0 | Италија | Квал. за Евро 1984 | - | ||
7-4-1984 | Верона | Италија | 1 – 1 | Чехословачка | Пријателска | - | 46' | |
22-5-1984 | Цирих | Западна Германија | 1 – 0 | Италија | Пријателска | - | 70' | |
26-5-1984 | Торонто | Канада | 0 – 2 | Италија | Пријателска | - | 59' | |
Вкупно | Настапи (20. место) | 71 | Голови | 1 |
По завршувањето на играчката кариера, Џентиле останал во светот на фудбалот, првично осврнувајќи се на менаџерската дејност. Во сезоната 1990-1991, тој се вратил во Јувентус како соработник, особено за реструктуирање на младинскиот сектор на клубот.[48] Во периодот меѓу 1991 и 1993 година, тој бил генерален директор на Леко,[49] а исто така, ја покривал и улогата на спортски директор од март 1992 година.[50]
Потоа тој се приклучил на тренерскиот сектор на FIGC, како тренер на италијанската репрезентација под 20 години.[51][52] Во 2000 година, тој првично бил помошник на Џовани Трапатони на клупата на А тимот на Италија;[9][52] во октомври, тој го заменил Марко Тардели (кој во меѓувреме се преселил во Интер), како селектор на италијанската репрезентација до 21 година.[52] Со младата репрезентација на Италија стигнал до полуфиналето на Европското првенство за таа возрасна категорија во 2002 година, а две години подоцна, во 2004 ја водел Италија до титулата Европски шампион.[53] Со победата на првенството, Италија изборила квалификација за Олимпискиот фудбалски турнир во Атина, каде под водството на Џентиле го освоиле бронзениот медал. Својата авантура како селектор на аѕурините ја завршил со елиминацијата во четвртфиналето на Европското првенство 2006.[9]
Во јули истата година, тој бил заменет на селекторската позиција од Пјерлујџи Казираги со одлука на вонредниот комесар на FIGC, Гвидо Роси, и неговиот заменик Деметрио Албертини, и покрај добрите резултати и уверувањата за повторното потврдување на Џентиле на функцијата во младата италијанска репрезентација.[9][54][55] Во следните години не тренирал ниту една екипа,[9] и покрај тоа што бил во игра да го замени Чиро Ферара на клупата на Јувентус,[56] како и за клупата на либиската репрезентација, по падот на Гадафи.[57]
Во интервјуто дадено за Gazzetta dello Sport во септември 2013 година, тој открил дека во летото 2006 година, пред да биде сменет на чело на тимот до 21 година, голем клуб му понудил договор на Џентиле и ја известиле Фудбалската федерација, која го замолила да почека: кога бил сменет од раководството на Аѕурините, во меѓувреме исчезнала и можноста тој да биде тренер на големиот клуб, па овие настани го поттикнале да го тужи FIGC; затоа ги одбил понудите од различни фудбалски клубови добиени од 2006 година наваму, бидејќи доколку ги прифател немало да може да се обрати до граѓанското судство.[58]
На 5 јуни 2014 година, бил назначен за тренер на Сион.[59] но на 10 истиот месец не се појавил на клупскиот состанок[60] а во наредните денови започнал спор за раскинување на договорот.[61]
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1971-1972 | Арона | Д | 34 | 4 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 34 | 4 |
1972-1973 | Варезе | Б | 34 | 1 | КИ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 1 |
1973-1974 | Јувентус | А | 13 | 0 | КИ | 7 | 0 | КШ | 0 | 0 | ИнтК | 1 | 0 | 21 | 0 |
1974-1975 | А | 29 | 0 | КИ | 6 | 0 | КУ | 9 | 1 | - | - | - | 44 | 1 | |
1975-1976 | А | 22 | 1 | КИ | 4 | 0 | КШ | 4 | 0 | - | - | - | 30 | 1 | |
1976-1977 | А | 29 | 1 | КИ | 9 | 0 | КУ | 11 | 0 | - | - | - | 49 | 1 | |
1977-1978 | А | 28 | 3 | КИ | 4 | 0 | КШ | 7 | 0 | - | - | - | 39 | 3 | |
1978-1979 | А | 30 | 0 | КИ | 7 | 0 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | 38 | 0 | |
1979-1980 | А | 26 | 2 | КИ | 4 | 0 | КШ | 8 | 0 | - | - | - | 38 | 2 | |
1980-1981 | A | 27 | 0 | КИ | 6 | 0 | КУ | 4 | 0 | ТК | 2 | 0 | 39 | 0 | |
1981-1982 | А | 27 | 2 | КИ | 4 | 0 | КШ | 4 | 0 | - | - | - | 35 | 2 | |
1982-1983 | А | 28 | 0 | КИ | 10 | 0 | КШ | 9 | 0 | - | - | - | 47 | 0 | |
1983-1984 | А | 24 | 0 | КИ | 5 | 0 | КПК | 8 | 0 | - | - | - | 37 | 0 | |
Вкупно Јувентус | 283 | 9 | 66 | 0 | 65 | 1 | 3 | 0 | 417 | 10 | |||||
1984-1985 | Фјорентина | А | 29 | 0 | КИ | 10 | 1 | КУ | 3 | 0 | - | - | - | 42 | 1 |
1985-1986 | А | 19 | 0 | КИ | 8 | 0 | - | - | - | - | - | - | 27 | 0 | |
1986-1987 | А | 22 | 0 | КИ | 5 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 29 | 0 | |
Вкупно Фјорентина | 70 | 0 | 23 | 1 | 5 | 0 | - | - | 98 | 1 | |||||
1987-1988 | Пјаченца | Б | 20 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 20 | 0 |
Вкупно во кариерата | 441 | 14 | 92 | 1 | 70 | 1 | 3 | 0 | 606 | 16 |
ИграчКлупски
РепрезентативниИндивидуални
|
Тренер
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.