From Wikipedia, the free encyclopedia
Клас-Јан Хунтелар (роден на 12 август 1983 ) — холандски фудбалер, напаѓач на Ајакс во холaндската Ердивајс и на холандската репрезентација. Хунтелар е опишан како "плоден напаѓач""[1] со "брилијантен прв допир"[2] и е споредуван во стил на играчи како Марко ван Бастен[3] и Руд ван Нистелрој.[4] Во 2009 година, поранешниот холандски селектор Луи ван Гал бил цитиран во неговата изјавата за играчот ", во пенал зоната, тој е најдобар играч во светот, нема ниту еден подобар."[5]
Клас-Јан Хунтелар | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 12 август 1983 | ||
Роден во | Дремпт, Холандија | ||
Висина | 1,86 м | ||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ајакс | ||
Број | 25 | ||
Младинска кариера | |||
1988–1994 | VV H. en K. | ||
1994–2000 | Де Графшеп | ||
2000–2002 | ПСВ | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002–2004 | ПСВ | 1 | (0) |
2003 | → Де Графшеп (п) | 9 | (0) |
2003–2004 | → ФК АГОВВ (п) | 35 | (26) |
2004–2006 | Херенфен | 46 | (33) |
2006–2009 | Ајакс | 92 | (76) |
2009 | Реал Мадрид | 20 | (8) |
2009–2010 | Милан | 25 | (7) |
2010–2017 | Шалке 04 | 175 | (82) |
2017 | Ајакс | 47 | (23) |
Репрезентација ‡ | |||
2004–2006 | Холандија U-21 | 23 | (18) |
2006– | Холандија | 76 | (42) |
* Ажурирано на: 20:16, 24 септември 2011 (UTC) ** Ажурирано на: 22:00, 9 септември 2011 (UTC) |
Хунтелар играл за ПСВ, Де Графшап, Апелдорн, Херенфен, Ајакс, Реал Мадрид иМилан,[6] пред да се приклучил на Шалке 04 во август 2010 година, со кого се искачил на списокот на највисоки стрелци во Бундеслигата во сезоната 2011-12 со 29 голови. Хунтелар е исто така втор стрелец на Шалке на сите времиња, зад Клаус Фишер.[7][8] Тој се вратил во Ајакс на 1 јуни 2017 година со договор од една година.[9] Хунтелаар бил именуван за холандски фудбалски талент на годината во 2006 година и за "Играч на годината" на Ајакс во 2006 година, и бил дел од холандската репрезентација што го освоила УЕФА У-21 првенство во истата година, каде што бил прв стрелец на турнирот. Тој бил исто така именуван како еден од двајцата напаѓачи во УЕФА Тимот на турнирот. Тој е најдобриот стрелец на сите времиња на Холандската репрезентација под 21 година, со 18 гола во 22 настапи.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.