Кладно
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кладно (чешки: Kladno) — значаен град во Чешка и најголемиот град на историската област Бохемија. Кладно е најголемиот град и административна единица на Средночешкиот крај, но не и седиште (тоа е главниот град Прага, која го опкружува овој крај, но е независна единица, Прага). Кладно е седиште на засебната област Кладно во овој крај.
Кладно | |||
Град | |||
Општинската сала | |||
|
|||
Земја | Чешка | ||
---|---|---|---|
Регион | Централна Бохемија | ||
Област | Кладно | ||
Височина | 384 м | ||
Координати | 50°9′N 14°6′E | ||
Површина | 36,9 км2 | ||
Население | 68.552[1] (декември 2016) | ||
првпат спомената | 14 век | ||
Градоначалник | Милан Волф | ||
Поштенски бр. | 272 01 | ||
Локација во Чешка
| |||
На Ризницата: Кладно | |||
Портал: www.mestokladno.cz | |||
Градот е познат како „најголемото предградие“ на Прага, бидејќи се наоѓа на само 25 км од центарот на чешката престолнина.
Кладно се наоѓа во западниот дел на Чешка и е оддалечен 25 километри од главниот град Прага на запад. Се наоѓа во историската област Бохемија. Градот се наоѓа на надморска височина од приближно 380 метри. Западно од градот се издига Кривоклатската планина. Климата во градот е умерено континентална. Во градот нема реки, а во близина на градот се наоѓа Кладенското езеро.
Подрачјето на Кладно било населено уште во времето на праисторијата. Населбата под тековното име, за првпат во пишани документи се споменува во 14. век. Градот со векови бил средиште на тешката индустрија во Бохемија.
Во 1919 година станал дел од новосоздадената Република Чехословачка. За време на комунизмот градот бил нагло индустријализиран и дошло до нагло зголемување на населението. По осамосотојувањето на Чешка дошло до опаѓање на активностите на тешката индустрија.
Кладно денес има околу 68 илјади жители, а во последните години бројот на жители во градот полека се зголемува. Покрај чесите, во градот живеат словаци и Роми.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.