Киселица (Кривопаланечко)
село во Општина Крива Паланка From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Крива Паланка From Wikipedia, the free encyclopedia
Киселица — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.
Киселица | |
Традиционална куќа во маалото Селиште | |
Координати 42°15′39″N 22°21′0″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Крива Паланка |
Област | Славиште |
Население | 30 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1330 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15019 |
Надм. вис. | 859 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Киселица на општинската карта Атарот на Киселица во рамките на општината | |
Киселица на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Славиште, речиси во средишниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, од десната страна на Крива Река, а северно од градот Крива Паланка, на оддалеченост од околу осум километри.[2] Селото е ридско-планинско и е раштркано, чии маала се сместени на надморска височина од 820 до 1.040 метри.[2]
Селото се наоѓа во источниот дел на Кривопаланечката област, сместено лево и десно од Киселичка Река. Околни села се Трново на исток, Осиче на северозапад, Дрење и други.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Трсено, Крст, Цветков Гроб, Горна и Долна Орница, Трлиште, Тупанец, Падина, Златица, Макушевица, Чулја Бука, Ѓуркова Њива, Артина, Ливадиште, Длага ’Ртина, Длабоко Осоје, Калиманска Чука и Бабин Камен.[3]
Селото е од разбиен тип. Се разликуваат шест маала. На десниот брег на реката се сместени Селиште (8 к.), Поречанци (10 к.), Калиманци (5 к.) и Ридарци (4 к.). На левиот брег се маалата Клисарци (5к),Вели Врв (6 к.) и Дебело Брдо (5 к.).[3]
Селото Киселица се наоѓа северно од градот Крива Паланка. На север се граничи со селото Мала Црцорија, на исток со селото Трново, на југоисток со селото Кркља, на југ со селото Дрење, на запад со селото Осиче и на северозапад со селото Добровница.
На атарот на селото се сретнуваат одредени старини, особено во денешното маало Вели Врв. Традицијата наведува дека таму некогаш постоело „латинско село“, кое подоцна било иселено.[3]
На земјиштето на раселеното село кон крајот на XVIII век било основано денешното село. Основачи на селото биле родовите Селиштани и Ридарци. Подоцна бил населен и третиот род Домазетовци во маалото Вели Врв.[3]
Во XIX век, Киселица било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.
Атарот зафаќа простор од 7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 452 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 388 хектари, а на пасиштата 184 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]
До Втората светска војна, селаните главно живееле од земјоделство и сточарство. По војната, мештаните работеле како рудари или пак оделе на печалба.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Киселица имало 420 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Киселица имало 304 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]
Киселица, според бројот на населението, преминало од средно во мало село по големина, бидејќи тоа во 1961 година броело 450 жители, додека во 1994 година имало 139 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Киселица живееле 101 жител, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 25 Македонци и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 304 | 438 | 480 | 450 | 368 | 286 | 153 | 139 | 101 | 30 |
Киселица е македонско село. Во селото има маала, колку што има родови. Сите родови потекнуваат од предци кои се доселени од некаде.[3]
Според истражувањата од 1973 година, родови во селото се:
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Селото припаѓало на некогашната општина Трново во периодот 1950-1952, кога покрај него се наоѓало и селото Трново.
Во селото постои избирачкото место бр. 0975 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[15]
Од селото има иселеништво во поголема мера. Во Крива Паланка се иселиле околу 30 семејства. Околу 10 семејства се иселени во селата Глогоњ, Јабука, Качарево во Војводина. Митевци (2 к.) се иселиле во селото Видовиште кај Кочани. Вучковиќи (3 к.) и Радонјиќи (3 к.) се иселиле во селото Радовница во Горна Пчиња (денес Србија). Грнчари (2 к.) се иселиле во селото Црвени Град исто така во Горна Пчиња (Србија).[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.