From Wikipedia, the free encyclopedia
Киро Урдин (роден во 1945 во Струмица) — македонски сликар.
Киро Урдин | ||
Роден | 1945
Струмица, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар режисер |
Роден е во Струмица, Македонија во 1945 година. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 Урдин работел како новинар, но подоцна тој студирал на Академијата за уметност во Париз, Франција. Од страна на “Академијата на филмот” во Париз бил награден, а во 1982 – 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на “Струшките вечери на поезијата”. Од 1984 година тој работел како слободен уметник во повеќе земји. Имал можност да твори во Франција, САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини и Тајван.
Неговото име за првпат е запишано и на книгата афоризми “Le Dedoublement de la Personnalite”. Следува книгата “Le Dessin, le Pastel et l’Aquarelle of the contemporary arts” од издавачот Mayer. Ги илустрирал книгите на Jacques Delors “Combats pour l’Europe” и на Antoli Karpov “Mes plus belles victoires”.
Покрај сликарството и книгите, од работилницата на Урдин излезени се и неколку краткометражни филма – “Уметноста на Киро Урдин”, “Те сакам, Ибан” и “Планетариум” во продукција на МРТВ.
Во 1997 година ја претставувал Република Македонија во Солун, културната престолнина на Европа.
„Киро Урдин“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.