From Wikipedia, the free encyclopedia
Киро Цветков Стојановски ( 1926 во Горно Соње, Скопско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство, обработувајќи ги нивите во Јурумлери, каде семејството му се преселило. На 20 ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово и учествувал во ликвидирањето на заостанатите балистички банди. По успешно извршената борбена задача, заминал за Земун каде посетувал и завршил тримесечна воена обука. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт и во наредните големи борби за ослободување на повеќе села и градови. На 16 април 1945 година во битката за ослободување на Врпоље, нагазил на мина и загинал. Бил закопан кај Врпоље, а подоцна посмртните останки му биле пренесени во Јурумлери.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.