Кирил Дрангов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кирил Дрангов

Кирил Дрангов (15 јули 1901 во Лом, Бугарија - 8 јуни 1946 во Софија, Бугарија) ― Бугарски револуционер, член на пробугарската ванчомихајловистичка Внатрешната македонска револуционерна организација. Дел од бугарската окупаторската власт во Македонија за време на Втората светска војна.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Кирил Дрангов
Thumb
Роден 15 јули 1901
Лом, Бугарија
Починал 8 јуни 1946
Софија, Бугарија
Затвори

Животопис

Кирил Дрнагов бил син на Борис Дрангов. Завршил гимназија во Софија, а како студент на Правниот факултет при Универзитетот во Софија бил еден од основачите на Македонското студентско друштво „Вардар“, еден од најблиските соработници на Иван Михајлов, пунктовен началник на ВМРО за Софија и резервен член на Централниот комитет на ВМРО во 1932 година. Учествувал во убиствата извршени во Горна Џумаја во 1924 година,[1] кога го убил Алеко Василев.

По убиството на Александар Протогеров, станал најблизок соработник на Ванчо Михајлов. Во 1933 година, заедно со Владо Черноземски, неколку месеци престојувал во „Јанка Пуста“ (Унгарија), како инструктор на хрватските националисти.[1]

Во времето на бугарската окупација на Македонија работел како адвокат во Скопје. По капитулацијата на Бугарија се вратил во Софија ѝ до јуни 1946 година, живеел во илегалност. Пред да биде уапсен од бугарската комунистичка власт, се самоубил.[1][2]

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.