Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кили (маршалски: Kōle[1]) е корален остров во Тихиот Океан. Островот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Островот има 0.93 км2, нема лагуна, нема корален гребен и пртставува еден од најмалите острови во државата. Островот се наоѓа 49 км југозападно од Џалуит. Според податоците од 2005 година, на островот живеат 600 жители.
Сателитска снимка на Кили. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 5°38′46″N 169°07′42″E |
Архипелаг | Ралички Острови |
Вкупно острови | 1 |
Површина | 0,93 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 600 (2005) |
Етнички групи | Маршалци |
Со брод на островот не може да се пристигне со месеци, зависно од перидот, поради лошите води. Сепак, на островот има мала писта преку која оперира Air Marshall Islands.
Германија во 1884 тврдела дела Кили е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.
Кога САД ја пробувале атомската бомба на Бикини, луѓето од Бикини биле преселени на Кили. Денес луѓето на Кили се воглавно потомци на луѓето од Бикини. На Островот има две цркви и основно училиште.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.