From Wikipedia, the free encyclopedia
Каматниот ризик (англиски: interest rate risk) претставува ризик од неповолни идни движења на каматните стапки и со тоа и промена на вредноста на средствата кои носат каматни приноси, како што се банкарските заеми или обврзниците.
Каматниот ризик се вклучува во категоријата пазарни ризици, кои ја покажуваат веројатноста за промена на добивката и пазарната вредност на капиталот на банката, предизвикана од промената на пазарните цени. Во основа, пазарниот ризик се јавува во три видови:
Кога се менува каматната стапка се менува и вредноста на кредитите со фиксна каматна стапка. Ако каматната стапка расте, вредноста на тие кредити ќе паѓа. На тој начин, банката како кредитор се среќава со опортунитетен трошок од помалата камата која ја наплаќа, а од друга страна. со поволноста да пресмета повисока каматана стапка при одобрување на нови кредити со фиксна каматна стапка. Кога каматните стапки би паѓале, банките како кредитори ќе се соочат од една страна со загуба по основ на камата на новоодобрените кредити, а од друга страна со корисноста да наплаќаат повисока камата на претходно одобрените кредити во однос на пониските каматни стапки на пазарот.[2]
При раст на каматните стапки, депонентите сакаат да ги повлечат своите депозити, посебно ако постои можност за нивно предвремено повлекување, бидејќи ќе остварат поголема заработка со инвестирање на тие пари по поголема каматна стапка. Банката во тој случај се среќава со проблем за одржување на својата ликвидност. Заради повлекувањето на депозитите, банката мора да го надомести повлечениот износ (квантитативен ефект) од својот биланс, а при новите задолжувања ќе плаќа по нови, повисоки каматни стапки (трошковен ефект). Во спротивно, ако банката не успее да ги надомести изгубените средства, таа ќе биде присилена да го намали својот обем на работа. Во случај на паѓање на каматните стапки на банката ѝ претстои опасност од предвремена отплата на кредитите, поради што е принудена да одобрува кредити по помали каматни стапки.[2]
Каматниот ризик ја покажува веројатноста за промена на нето-каматните приходи на фирмата поради промена на пазарните каматни стапки. Со други зборови, каматниот ризик покажува колку приходите и расходите на фирмата реагираат на промените на пазарните каматни стапки. Притоа, во зависност од структурата и одликите на средствата и обврските на фирмата, промената на каматните стапки може да ги зголеми или да ги намали приходите и расходите на фирмата. Во таа смисла, сите средства и обврски на фирмата можат да се групираат во две групи: каматноосетливи и каматнонеосетливи.
Каматноосетливи средства и обврски се оние чии приходи и расходи се менуваат под влијание на промените на пазарните каматни стапки. Ако промените на каматните стапки не се одразуваат врз приходите на средствата, т.е. расходите на обврските, тогаш станува збор за каматнонеосетливи средства и обврски. Како што може да се насети, ако каматноосетливите средства се поголеми од износот на каматноосетливите обврски, тогаш нето-каматните приходи на банката ќе се зголемат, а ќе се намалат во случај на опаѓање на каматните стапки. Доколку пак каматноосетливите средства се помали од износот на каматноосетливите обврски, тогаш нето-каматните приходи на банката ќе се намалат при пораст на каматните стапки, а ќе се зголемат во случај на опаѓање на каматните стапки. Според тоа, изложеноста на банката на каматниот ризик може да се мери преку показатели од типот на:
Најстара техника за мерење на изложеноста на банката на каматниот ризик е статистичката анализа на јазот (static gap analysis). Всушност, оваа техника ја мери изложеноста на каматниот ризик само од аспект на ефектите на промените на каматните стапки врз нето-каматниот приход. Тоа воопшто не треба да зачудува имајќи предвид дека, набљудувано на кус рок, раководството на банките обично е насочено кон профитабилноста. Како што рековме, анализата на јазот е статистичка техника, затоа што ја мери изложеноста на каматниот ризик во определена временска точка, притоа користејќи ги информациите од билансот на состојбата.
Примената на оваа техника поминува низ следниве неколку фази:
Показателите на јазот ја мерат изложеноста на банката на каматен ризик. Банката може да има позитивен јаз, негативен јаз, или нулти јаз.
Банката има позитивен јаз (positive gap), ако вредноста на каматноосетливите средства е поголема од износот на каматноосетливите обврски, односно таа е каматноосетлива на страната на средствата (asset sensitive). Мерено со показателите, таквата банка ќе има позитивен јаз, а коефициентот на каматната осетливост ќе биде поголем од 1. Банката со позитивен јаз е изложена на ризикот од намалување на каматните стапки, бидејќи, во тој случај, каматните приходи на банката ќе се намалат за поголем износ во споредба со каматните расходи и тоа ќе предизвика намалување на нето-каматниот приход. Во обратен случај, доколку дојде до пораст на каматните стапки, банката со позитивен јаз ќе доживее зголемување на нето-каматниот приход, бидејќи нејзините каматни приходи ќе пораснат за поголем износ во споредба со каматните расходи.
Ако износот на каматноосетливите обврски го надминува износот на каматноосетливите средства, банката се соочува со негативен јаз (negative gap), односно таа е каматноосетлива на страната на обврските (liability sensitive). Таквата банка ќе има негативен релативен јаз и коефициент на каматна осетливост помал од 1. Банката со негативен јаз е изложена на ризикот од зголемување на каматните стапки, бидејќи, во тој случај, каматните расходи на банката ќе се зголемат за поголем износ во споредба со каматните приходи и тоа ќе предизвика намаливање на нето-каматниот приход. Во обратен случај, доколку дојде до опаѓање на каматните стапки, банката со негативен јаз ќе доживее зголемување на нето-каматниот приход, бидејќи нејзините каматни расходи ќе се намалат за поголем износ во споредба со каматните приходи.
Најпосле, доколку банката има нулти јаз, односно нејзините каматноосетливи средства се еднакви на каматноосетливите обврски, таа ќе биде заштитена од ефектите на промените на каматните стапки. Во тој случај, ако дојде до промена на каматните стапки, тоа подеднакво ќе се одрази врз каматните приходи и врз каматните расходи, така што нето-каматниот приход нема да се промени. Така, при пораст на каматните стапки, каматните приходи на банката ќе пораснат во ист обем како и каматните расходи. Обратно, ако се намалат каматните стапки, тоа ќе предизвика каматните приходи на банката да се намалат, но истовремено ќе се намалат и каматните расходи, и тоа во ист обем. Во двата случаи, промената на каматните стапки нема да предизвика никаков ефект врз профитабилноста на банката, т.е. нејзиниот нето каматен приход нема да се промени.[5]
За квалитетно управување на ризикот на каматни стапки неопходно е да се утврдат изворите на овој ризик, коишто се воедно и примарни видови на каматен ризик. Темелни извори (облици) на ризикот на каматни стапки на кои се изложува банката се:[6]
Народната Банка на Република Македонија го дефинира ризикот од промена на каматни стапки во портфолиото на банкарските активности како ризик од загуба која произлегува од неповолните промени на каматните стапки, а коишто влијаат на позициите во портфолиото на банкарските активности. Притоа, таа наведува неколку извори на каматен ризик, и тоа следниве:[7]
Според Базелскиот принцип број 6 за управувањето со каматниот ризик, особено значајно е да банките имаат воспоставено системи за мерење на каматниот ризик кои ќе ги опфатат сите материјални извори на каматен ризик и ќе ги рефлектираат ефектите од промена на каматните стапки на начини кои се доследни со обемот на активностите на банките. Системите за мерење треба да обезбедат значајни податоци за тековната изложеност на банката на каматен ризик, и треба да имаат капацитет да го идентификуваат секое евентуално надминување на изложеноста што може да се случи. Системите за мерење на каматниот ризик треба:[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.