хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Казеин (латински: caseus = „сирење“)[1] — млечна белковина, заедничко име за неколку видови белковини што се наоѓаат во млекото на цицачите.[2] Казеинот е единствената белковина во природата чија прва и основна функција е хранлива, а не структурна или метаболична. Казеинот засирува под дејство на сиришните ензими, а не под дејство на високата температура.[3][4]
Во однос на структурата, казеинот е фосфобелковина (содржи фосфатна група), која врши складирачка улога во млекото на цицачите. Казеинот се состои од неколку фракции: α-, β- и γ-казеин, секоја од фракциите има неколку видови. Фракциите и нивните видови се разликуваат во составот на аминокиселините, особено две од најчестите видови β-казеин, А1 и А2, се разликуваат за една аминокиселина на положбата 67. Елементарен состав на казеинот (во %): јаглерод — 53,1; водород — 7,1; кислород — 22,8; азот — 15,4; сулфур — 0,8; фосфор — 0,8.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.