From Wikipedia, the free encyclopedia
Казашка Автономна Социјалистичка Советска Република (руски: Казахская Автономная Социалистическая Советская Республика; казашки: Qazaq Aptonom Sotsijalistik Sovettik Respublikasь), скратено како Казак АССР (руски: Казакская АСССР; казашки: Qazaq ASSR) или едноставно Казахстан (руски: Казахстан; казашки: Qazaƣьstan) — автономна република на Советскиот Сојуз во рамките на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР) која постоела од 1920 до 1936 година.[1][2]
1920—1925: Киргиска Автономна Социјалистичка Советска Република Киргизская Автономная Социалистическая Советская Республика (руски) Qırğız Avtonomïyalıq Socïalïstik Keñestik Respwblïkası (казашки) 1925—1936: | ||||||
Автономна република на Руската СФСР | ||||||
| ||||||
| ||||||
Главен град | ||||||
Управа | Унитарна Советска Република | |||||
Прв секретар | Филип Голошчекин | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1920 | ||||
- | Укината | 1936 | ||||
Денес во | Казахстан Русија Туркменистан Узбекистан |
До февруари 1936 година, официјалното име било Казачка Автономна Социјалистичка Советска Република (руски: Казакская Автономная Социалистическая Советская Республика), скратено како Казак АССР (руски: Казакская АССР) или едноставно Казахстан (руски: Казахстан).
Казачката АССР била првично замислена како Киргиска Автономна Социјалистичка Советска Република (руски: Киргизская Автономная Социалистическая Советская Республика; казашки: Қырғыз Автономиялық Социалистік Кеңес Республикасы, Qyrǵyz Avtonomııalyq Sotsıalıstik Keńes Respýblıkasy) (да не се меша со Киргиска АССР од 1926-1936, со Средноазиска територија која сега е независна држава Киргистан) на 26 август 1920 година и била автономна република во рамките на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република.
Пред Руската револуција, Казаците во Русија биле познати како „Киргиз-Казаци“ или едноставно „Киргизи“ (а Киргизите како „Кара-Киргизи“).[3] Оваа практика продолжила во раниот советски период, и на тој начин Киргискиот АССР бил национална република за Казаците. Сепак, на 15-19 јуни 1925 година, Петтиот Казашки совет на Советите одлучил да ја преименува републиката во Казачка Автономна Социјалистичка Советска Република.[4] Главниот град на поранешната Киргиска АССР, Ак-Мечет, бил задржан како седиште на Казачката АССР, но бил преименуван во Кзил-Орда, од казашкиот „црвен центар“. Во 1927[1] (или 1929[5]) градот Алма-Ата бил назначен за нов главен град на КАССР. Во февруари 1930 година, во селото Созак избувнал антисоветски бунт.[6] На 5 декември 1936 година, КАССР бил одвоен од РСФСР и ја формирале Казашката Советска Социјалистичка Република, целосна сојузна република на Советскиот Сојуз.
Казачкиот АССР што го наследил неодамна проширениот Киргиски АССР ја вклучувал целата територија што ја сочинува денешна Република Казахстан плус делови од Узбекистан (Автономната област Каракалпак), Туркменистан (северниот брег на Кара-Богаз-Гол) и Русија ( делови од она што ќе стане Оренбуршка Област). Овие територии биле префрлени од Казакшката АССР во текот на следната деценија.
Административните поделби на АССР се менувале неколку пати во нејзината историја. Во 1928 година, губернијаите, административни окрузи наследени од Киргиската АССР биле елиминирани и заменети со 13 округи и раони. Во 1932 година, републиката била поделена на шест нови поголеми области. Областите биле:
На 31 јануари 1935 година, била спроведена уште една територијална поделба која ги вклучувала шесте области наведени погоре, плус нов Каркаралинск округ.
Во 1929 година, кога автономниот регион Кара-Калпак сè уште бил дел од Казачката Автономна Советска Социјалистичка Република, површината на републиката била 2.983.564 км².[7] Областа (од 15 ноември 1930 година, по повлекувањето на автономниот округ Кара-Калпак од Казахстанскиот АССР) изнесувала 2.852.619 км².[8] Населението на 1 април 1930 година (заедно со автономниот регион Кара-Калпак) се проценува на 7.077.600 луѓе.[8]
Од 1 јануари 1933 година, населението на Казахстанската АССР (со исклучок на автономниот регион Кара-Калпак) се проценува на 6.796.600 луѓе, вклучувајќи 1.171.000 урбано население (17,2%) и 5.625.600 рурално (82,8%).[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.