From Wikipedia, the free encyclopedia
Кадилница[1][2], кандилка[3][4] или кадило[5][6] — сад што се користи за согорување на благомирис (мирисливи материи; во христијанството тоа е темјанот). Се користи во многу религии — таоизмот и будизмот (во Кина и Јапонија), хиндуизмот (во Индија) и христијанството (почесто кај православните), а ги користеле и други антички цивилизации како што се Маите, на пример.
Тоа се рачни садови за принесување кадење на Бога и служат за кадење на иконите и луѓето. За време на богослужбите во храмовите, како и за време на молитвите во домовите, се користи кадилница, која во христијанската симболика го претставува човештвото преку Исус Христос: жарот е божество, додека чадот е добар мирис на Св. Дух. Црковните отци сведочат за темјанот како пропратен чин, нагласувајќи дека на тој начин се почитуваат светите икони. Со кадењето на верниците се примаат нивните молитви и се делат осветувања кои доаѓаат невидливо како и мирисот на темјанот[7].
Кадилниците во домот најчесто се рачно изработени, направени од земја или метал и се со различни облици во согласност со христијанскиот дух. Во кадилницата се става жар од дрво (јагленот има непријатен мирис), а на жарот се става благомирис кој шири пријатен мирис. Бидејќи во градовите често нема жар, за замена на жарот се користи специјална брикета во прстени.
Кадилницата и жарта во неа ја симболизираат жестоката љубов кон верата и топлината на христијанската душа. Мирисот на темјан ја симболизира благодатта на Светиот Дух. Кадилницата се користи при секоја молитва. Домаќинот кади, држејќи ја кадилницата во десната рака и со неа прави знак на крст. Се кадат прво постарите, а потоа помладите. Кадилницата се чува на свечено место во куќата[8].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.