Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првото познато населување на територијата на денешна Република Ирска било во околу 8000 п.н.е., кога носителите на мезолитната култура се населиле во Велика Британија и Европа. Се смета дека тие се населиле по земјиште, односно во тоа време не постоел островот Велика Британија, туку бил дел од тлото на европскиот континент. Од нивното време, денеска има многу малку зачувано некои артефакти и е многу малку познато. Пд нив останале само археолошките објекти. Повеќе познанство има за нивните потомци, кои се населиле главно од Пиринејскиот Полуостров. Од тоа неолит|неолитско време, во минатите векови биле отквиени разни споменици и гробници.
Дел од темата Република Ирска |
Античка историја |
---|
Рана историја |
Среден век |
Нормански период |
Модерна историја |
Портал:Република Ирска |
По пристигнувањето на Свети Патрик на островот во 5 век, христијанството започнало постепено да се проширува. Ирска со текот на времето се претворила во центар на манастирскиот живот на монасите. Подоцна, Ирска изиграла голема улога за распространувањето на христјанството низ Европа. Според една легенда, Свети Патрик ги прогонил змиите од островот
Во околу 800 година бил даден почетокот на викинската инвазија во Ирска. Во 1169 година бил даден почетокот на норманското управување на чело со графот Ричард Стронгбој. Подоцна, со државата владееле англичаните. Во времето на реформацијата, избувнале повеќе немири и востанија од 1534 до 1691 година. Во текот на тој период, англичаните провеле политика на колонизирање на ирските територии, населувајќи се голем број на англиски и шкотски протестанти.
Во 1613 година, 85% од вклупниот број на население се католици. Но, тие го изгубиле мнозинството си во парламентот. Кон крајот на векот, официјално им било забрането да бидат дел од парламентарните групи. Политичката власт преминала во рацете на англиканците, додека католичкото општество било изложено на голема дискриминација. Во 1801 година бил укинат парламентот, и Ирска станала дел од Обединетото кралство Велика Британија и Ирска. Во текот на 1829 година, католиците добиле право да бидат избирани во парламентот, но нивните права биле значително намалени.
Во текот на 19 век, Ирската парламентарна партија започнала политичка кампања за добивање на автономија. Таа во голема мера постигнала успех, но со започнувањето на Првата светска војна истата била укината. Во 1922 година, по Ирската војна за независност, 26 од 32 грофовии се оделиле од Обединетото кралство, образувајќи Ирска слободна држава која од 1948 година се нарекува Република Ирска. Останатите грофовии остануваат во составот на Обединетото кралство, под името Северна Ирска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.