From Wikipedia, the free encyclopedia
Инес Милхоленд (6 август 1886 - 25 ноември 1916) била активистка за правото на глас на жените, кореспондент на Првата светска војна, и јавен говорник која во голема мера влијаела на женското движење во Америка. Таа била активна во Народната Партија на Жената и клучен учесник во парадата за правото на глас на жените во 1913 година.
Инес Милхоленд | |
---|---|
Роден(а) | 6 август 1886 Бруклин, Њујорк |
Починал(а) | 25 ноември 1916 30) Лос Анџелес | (возр.
Нејзиниот татко поддржувал многу реформи, меѓу кои биле светскиот мир, граѓанските права и правото на глас на жените. Нејзината мајка ги изложила децата на културна и интелектуална стимулација.[1]
За време на студирањето на Васарскиот колеџ таа била суспендирана за организирање на состанок за правата на жените. Претседателот на Васар ги забранил ваквите состаноци, но Милхоленд и други сепак имале редовни состаноци за ова, заедно со големи протести и петиции. Како студент таа била позната како активен радикал. Таа го започна движењето за правото на глас на Васар, поддржувано од две третини од студентите, и ги научила на принципите на социјализмот. Со радикалната група таа присуствуваше на социјалистички средби, кои исто така биле забранети од факултетот.[2]
На 22 октомври 1916 година, таа се онесвестила за време на говор во Лос Анџелес и била пренесена во болница. И покрај постојаната трансфузија на крв, таа починала на 25 ноември 1916 година.[3]
Последните јавни зборови на Милхоленд биле: "Господине претседателе, колку долго треба да чекаат жените за слобода?"[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.