Ин (германски: Inn; реторомански: En); латински: Aenus)[1] — река во Швајцарија, Австрија и Германија, десна притока на Дунав. Долга е 517 км, а највисока точка во сливот е планината Бернина (4.049 м).
Ин Inn, En | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Дунав (Пасау) 48°34′22″N 13°28′43″E |
Должина | 517 км |
Особености на сливот | |
Географија
Реката извира во Швајцарските Алпи, западно од Санкт Мориц во областа Енгадин, која е наречена по реката (реторомански Engiadina: „инска градина“). Веднаш потоа, реката тече низ најголемите езера по течението: Зилското и Силвапланското. Потоа оди североисточно, влегува во Австрија, а од Ландек оди на исток низ покраината Тирол и нејзиниот главен град Инсбрук („мост на Ин“). Потоа преминува во Баварија кај Куфштајн.
На баварска територија реката оди на север и минува из градовите Розенхајм, Васербург на Ин и Валдкрајбург, па врти на исток, оди низ Милдорф на Ин и Нојетинг, а потоа се проширува благодарение на двете поголеми притоки Алц и Залцах.
Оттука до Дунав, реката ја образува границата помеѓу Германија (Баварија) и Австрија (Горна Австрија). Во последниот дел од течението се сместени градовите Зимбах на Ин, Браунау на Ин и Шердинг. Во градот Пасау, Ин конечно се влева во Дунав.
Меѓу бројните помали градови по течението се Браунау на Ин (Австрија), родно место на Адолф Хитлер и Марктл (Германија), родно место на папата Бенедикт XVI. Реката Ин е единствената река што извира во Швајцарија и завршува во Црното Море (преку Дунав).
Галерија
- Ин во Енгадина
- Ин помеѓу Штајн и Пфундс
- Ин кај Ландек
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.