From Wikipedia, the free encyclopedia
Имплозија ― постапка при кој предметите се уништуваат со уривање сами во себе. Имлозијата е обратна на експлозијата. Таа концентрира материја и енергија. Пример за имплозија би била подморница која високиот притисок на водата ја смачкува навнатре.
Кај јадреното оружје од имплозивен тип, топка од плутониум, ураниум или друг материјал може да имплодира со сферични експлозивни полнења, зголемување на густината за фактор 2 до 4, така правејќи ја масата критична. Тоа резултира со јадрена екплозија. Кај фузиската бомба, ова пак активира јадрено соединување. Овие сферични високоексплозивни полнења сочинуваат сферичен состав од повеќекратни високоексплозивни полнења.
Во контекст на кавитацијата, имплозијата е вшмукувачка постапка кој ја тера материјата навнатре, а не нанадвор како кај експлозијата. Меѓутоа ова навнатрешно (центрипетално) движење, не следи права (радијална) патека до центарот; тоа следи спирална, виорна патека. Ова се нарекува вител. При кавитацијата се создаваат ред мали балончиња од водена пареа како резултат на нискиот притисок на едната страна од придвижувачот. При колапсот на овие балончиња, тие прават интензивни локални ударни бранови, кои прават бука и можат да предизвикаат локален дефект на површината на придвижувачот, процес кој води до ерозија на материјалот.
Особена одлика на вителот е тоа што надворешноста на тој вител се движи бавно, додека неговиот центар се движи брзо. Водата имплодира во вител со тоа што висечките честички, кои се погусти од водата, се вшмукуваат во центарот на текот, отпорот на триење се намалува и брзината на протокот се зголемува.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.