Илиово
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Илиово (или Илиево) — село во Општина Делчево, источна Македонија.
Илиово | |
Координати 41°58′46″N 22°38′27″E | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Население | 50 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09011 |
Надм. вис. | 600 м |
Илиово на општинската карта Атарот на Илиово во рамките на општината | |
Илиово на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Осоговија, на извесно растојание од јужниот брег на Калиманското Езеро на Брегалница. Сместено е во крајниот северозападен дел на општината. Илиово е ридско село, чија надморска височина се движи од 600 до 660 м, зависно од маалото. Атарот зафаќа 14,4 км2.[2] Од спротивната страна на езерото минува патот Делчево-Кочани (А3).
Низ атарот течат следниве водотеци: потоците Градински Дол, Бабин Дол и реката Туришница, и сите се влеваат во езерото на север. Во јужен правец дотекуваат потоците Рибница и Филиски Дол, кои ја образуваат западната односно источната атарска граница. Недалеку од селото е и возвишениот полуостров Дедоантоска Чука.[3]
Подрачјето на Илиово е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Гробишта крај брегот.[4]
На почетокот на XX век Илиово било село в Малешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Илиево било мало село сочинето од 180 Македонци христијани.[5][6]
Целото население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Илиево имало 160 Македонци (сите под егзархијата) и во селото работело бугарско училиште.[5][7]
Во 1924 г. кај Илиово и Калиманци чета на ВМРО, на чело со војводата Панчо Михајлов, водела целодневна битка со српски единици кои биле во потера по неа.[8]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[9]
Како ридско село, Илиово има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото имало 360 ха обработливо земјиште, 756 ха шуми и 96 ха пасишта.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Во првите децении на XX век Илиово бележело голем пораст на населението. Ова траело сè до 1960-тите, кога бројот на жители почнал да опаѓа. Покрај позатата преселба село-град, познато е дека некои жители на Илиово се преселиле во селоо Градец на местото на иселените Турци.[11] Намалувањето на населението постепено продолжило во следните децении. Иселуваењето дополнително се засилило со изградбата на акумулацијата Калиманци.
Според пописот од 2002 година, селото има 127 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 42 Македонци, 1 останат и 7 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 160 | 466 | 562 | 528 | 413 | 304 | 209 | 170 | 127 | 50 |
Во селото постои избирачкото место бр. 0602 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 74 гласачи.[19]
Според истражувањата правени во XX век, родови со потекло од Илиово има во следниве населени места:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.