From Wikipedia, the free encyclopedia
Изработувач на видеоигри е изработувач на софтвер (здружение или поединец) што се занимава со правење видеоигри. Изработувачите на видеоигри може да се специјализирани за некоја играчка конзола, како Sony PlayStation 3, PSP, Microsoft Xbox 360, Nintendo Wii или Nintendo DS, или може да изработуваат игри за разни системи, меѓу кои и лични сметачи.
Некои изработувачи може да се специјализираат и за посебен вид на игри, како видеоигри со играње во улоги или пукачи од прво лице. Некои се занимаваат со правење верзии за други подлоги за веќе изработени игри, некои со преведување од еден јазик во друг, а некои дури прават и други видови на софтвер, покрај игри.
Повеќето издавачи на видеоигри имаат свои партнери-изработувачи, како EA Canada на Electronic Arts, Radical Entertainment, Nintendo EAD и Sony Polyphony Digital на Activision, итн. Сепак, бидејќи издавањето е нивна главна дејност, тие компании се сметаат за „издавачи“, а не за „изработувачи“.
Изработката на видеоигри обично се врши во многу опуштени околности каде што вработените носат маици и сандали. Многумина го сметаат тоа за пријатно, професионално и лично. Сепак, оваа дејност бара прилично долго работно време, што понекогаш оди во крајности.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.