Избишта
село во Општина Ресен From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Ресен From Wikipedia, the free encyclopedia
Избишта — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Избишта | |
Селото и патот А3 | |
Координати 41°07′54″N 21°00′14″E | |
Регион | Горна Преспа |
Општина | Ресен |
Население | 128 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 23015 |
Надм. вис. | 1075 м |
Избишта на општинската карта Атарот на Избишта во рамките на општината | |
Избишта на Ризницата |
Избишта — село во областа Преспа, воглавно сместено на западната страна од патот А3 (Охрид-Ресен) кој го поврзува Избишта со Јанковец и Ресен на југ. Од градот Ресен е оддалечено 4,5 километри. Соседни села, и нивниот правец и оддалеченост во воздушна линија од Златари (сметано од средиштата на населените места), се: Крушје (на северозапад; 3,2 км), Лева Река (на север; 3 км), Кривени (на запад; 1,9 км), Јанковец (на југ; 2,5 км) и Болно (на југозапад; 3,7 км).
Во XIX век селото било дел од нахијата Преспа на Охридската каза на Отоманското Царство.
На 31 јануари 1903 година, Избишта било опколено од османлиската војска. Тогаш била водена битка со четите на ТМОРО од околните села, при што куќата на Манговци била запалена и бил направен терор во селото од страна на османлиската војска.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Избишта живееле 232 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Избишта имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Избишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 42 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Избишта брои 176 жители, од кои 174 Македонци и 2 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 121 Македонец, 1 Србин и 6 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 232 | 256 | 261 | 265 | 244 | 263 | 262 | 212 | 198 | 176 | 128 |
Избишта е македонско село.
Родови во селото се: Ѓоревци, Јанчевци, Петковци (дојдени од селото Брежани, Дебрца пред многу години, не се знае точниот период на нивната преселба,Фузевци.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 1630 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 139 гласачи.[15]
Во Аргентина се иселени 15-тина семејства до 1949 година.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.