From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван Крстановиќ (роден во Томиславград, 5 јануари 1983) — хрватски фудбалер, напаѓач, кој во моментов настапува за Славен Белупо.
Иван Крстановиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 5 јануари 1983 | ||
Роден во | Томиславград, СФРЈ | ||
Држава | Хрватска | ||
Висина | м | 1,96||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Славен Белупо | ||
Број | 27 | ||
Младинска кариера | |||
Томислав | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2000-2004 | Томислав | ||
2004-2006 | Дриновци | ||
2006-2008 | Посушје | 38 | (18) |
2008-2011 | Загреб | 82 | (31) |
2011-2013 | Динамо Загреб | 44 | (17) |
2013-2015 | Риека | 35 | (16) |
2015 | Задар | 12 | (6) |
2015-2017 | Широки Бријег | 48 | (16) |
2017-2019 | Локомотива Загреб | 41 | (11) |
2019- | Славен Белупо | 4 | (2) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Крстановиќ ја започнал својата кариера во подмладокот на ФК Томислав од Томиславград каде подоцна играл и за сениорите. Потоа настапувал за Дриновце, Посушје, Загреб, а најголемите успеси ги остварил во дресот на загребачки Динамо, со кој освоил две титули првак на Хрватска, еден куп и еден Суперкуп.
На 15 јули 2013 го науштил Динамо и потпишал за Риека.[1]
Во сезоната 2010-11, Крстановиќ бил најдобар стрелец во Прва ХНЛ со постигнати 19 голови (тогаш во дресот на Загреб).
Селекторот на Босна и Херцеговина Сафет Сушиќ на 19 јули 2011 година најавил во својата изјава за Dnevni list дека ќе го повика Крстановиќ во репрезентацијата на БиХ за пријателскиот натпревар против Грција на 10 август во Сараево.[2] На 14 август 2011 година во интервју за Sportske novosti, Крстановиќ дефинитивно потврдил дека нема да игра за БиХ, туку ќе чека повик за настап во хрватската репрезентација.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.