From Wikipedia, the free encyclopedia
Зоре Мисајлев Николоски ( 1922 во Карбуница, Кичевско — 1945 во Гарешница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Зоре Николоски | ||
Роден | 1922 година Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Гарешница, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Потекнувал од селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделство. Како активен младинец, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ, а во месец април со повеќе свои другари заминал за Лопушник со првите партизани од селото во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во нападот на возот на Пресека и нападот на Карабинерската станица во селото Сливово. Во втората половина на јули 1943 година, кога Одредот во селото Карбуница бил нападнат од силни балистички сили, Зоре со повеќе другари преминал на територијата окупирана од Бугарите каде бил откриен и затворен во Битола. По пуштањето од затвор, дошол во селото во 1944 година и повторно се вклучил во единиците на НОВ. Есента 1944 година заминал во Сремскиот фронт и бил комесар на чета. Загинал при пробојот кај Гарешница (старо име: Кајгана) во борба со Германците во април 1945 година.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.