Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Франција (француски: drapeau tricolore, drapeau français или les couleurs) е официјалното знаме на оваа европска држава. Знамето е познато како француски триколор или само како триколор. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.
Назив | Триколор |
---|---|
Употреба | државно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 15 февруари 1794 |
Опис | Три вертикални ленти во сина, бела и црвена боја |
Творец | Жилбер Лафајет, Жак-Луј Давид |
Варијанта на знамето на Франција | |
Употреба | пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 17 мај 1853 |
Опис | Исто како и претходното, но со различни големини на лентите со размер 30:33:37 |
Сината и црвена боја се традиционални бои на Париз кои и денес се користат на парискиот грб. Сината се поврзува со Свети Мартин Турски, додека црвената со Свети Денис. Белата боја се сметала за традиционална француска боја и била нарекувана „античка француска боја“. Белата боја била додадена на револуционерните бои (црвена и сина) и се создал триколорот.[2]
Француските училишта ги учат децата дека секоја боја претставува слој од стариот режим: белата е симболизам за свештеништвото, црвената за благородниците и сината за буржуазијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.