From Wikipedia, the free encyclopedia
Зелената анаконда или само анаконда (науч. Eunectes murinus) е неотровен вид од фамилијата удави што може да се најде во Јужна Америка. Тој е најмасивен од сите познати видови на змии. Моментално се познати два подвида, вклучувајќи го споменатиот подвид опишан овде. Терминот анаконда (без каков било понатамошен опис) често се однесува на овие видови, иако терминот исто така може да се употреби и за другите членови од родот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Зелена анаконда | |
---|---|
неоценет | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ‘Рбетници |
Класа: | Влекачи |
Ред: | Лушпари |
Подред: | Змии |
Семејство: | Удави |
Потсемејство: | Удави |
Род: | Анаконда |
Вид: | Зелена анаконда |
Научен назив | |
Eunectes murinus (Linnaeus, 1758) | |
Синоними [1] | |
|
Зелената анаконда е една од најдолгите змии во светот, достигнувајќи должина поголема од 5 м. Исто така постојат информации за анаконди со должина од 35-40 стапки па дури и подолги, но таквите тврдења треба да бидат разгледани со внимание, бидејќи примери со споменатата должина никогаш не биле поставени во музеј, а за тоа се потребни силни докази. Постои награда од $ 50 000 во готово за секој кој може да фати анаконда долга 30 стапки или повеќе, но наградата сè уште не е подигната. Иако, питонот е подолг, анакондата е најтешката змија. Најдолгиот (и најтежок) научно забележан примерок беше женка со должина 521 см и тежина 97.5 кг. Бојата се состои од маслинесто зелена позадина прекриена со црни дамки по должината на телото. Главата е тесна во споредба со телото, обично со карактеристични портокалово-жолти крлушки и на едната и на другата страна. Очите се поставени високо на главата, овозможувајќи и на змијата за време на пливањето да гледа над водата без изложување на телото.
Зелената анаконда е меѓу најдолгите и најмасивни змии во светот, заедно со питонот. Меѓутоа, бидејќи инспирираше многу диви приказни за змии рангирани од долги до крајно огромни, вистинската максимална големина на оваа змија и понатаму останува предмет на многу расправи.
Оддалечената локација на живеалиштето на змиите историски го има отежнато наоѓањето, фаќањето и враќањето на примероците. Доста тешко е пренесувањето на многу големи примероци до музеите, посебно пред реално изумирање (иако треба да биде забележано дека ова не го спречува враќањето на многу поголемиот и поопасен крокодилски примерок). Кожите можат значително да се растегнуваат, зголемувајќи ја големината на змиите со повеќе од 50 %, ако се испружени за време на процесот на штавење. Извештаите, без физички доказ се сметаат за сомнителни ако не се поднесени од научнии, и како такви поединците во најлош случај можат повеќе да бидат заинтересирани за унапредување на нив самите или за кажување на добра приказна, или најпосле може да не бидат доволно обучени за соодветните методи во мерењето. Извештаите за надгледување на животни кои не беа фатени сè уште повеќе сомнителни, што дури и обучените научници често доста ја потценуваат големината на анакондите кои се игумен на фаќање.
Постојат многубројни историски известувања за зелените анаконди со апсурдни неверојатни големини. Неколку зоолози (особено Хенри Волтер Бејтс и Алфред Расел Балас меѓу други) забележаа мрморења на змии долги од 30 до 40 стапки, но во секој од случаите се забележува дека нивните директни надгледувања на змиите беа ограничени со приближно 20 стапки во должина. Многу проценки и извештаи од втора рака, во главно се сметаат за несигурни. Во еден од најдоверливите извештаи, геолог убил голема анаконда и ја измерил употребувајќи прачка од 4 м, прикажувајќи ја како долги 3 прачки (12 м), како и да е информацијата не беше објавена многу години подоцна, и подоцна геолозитте предложиле дека тој можеби има заборавено и дека анакондата била долга само 2 прачки (8 м).
Питер Причард ги зема предвид статистичките аспекти за големината на зелената анаконда, заедно со многу други змии од сите видови големини. Во многу случаи, максималната големина беше од 1.5 до 2.5 пати, што е минимална должина за возрасна змија. Врз основа на ова и проценката од 3.2 м, за минимална големина на возрасна зелена анаконда, најголемата очекувана змија би имала должина од 8 м. Како и да е, во случајот на мрежестиот питон, заробената возрасна женка го надмина 2.5х правило, така што би требало да биде разгледан како предлог. Понатаму, беше спомнато дека повеќето анаконди се фатени во ланоси (високотревни савани во Југозападен САД и Јужна Америка), кои подостапни за луѓето, а помалку достапни за пленот, додела дождовните шуми, коишто се помалку истражени и имаат многу поголема достапност на пленот, можат да бидат дом на поголемите змии.
Зелена анаконда, анаконда, обична анаконда, воден удав, водна боа.
Локалните имиња во Јужна Америка го вклучуваат шпанскиот поим „ matatoro “ што значи „бикоубиец“ и индијанскиот поим sucuri tupi-guarani и „ yaqumama “ во Перуанскиот Амазон, што значи „мајка на водата“ во јазикот на Индијанците во Јужна Америка или „водни луѓе“. Во Тринидат, традиционално се мисли на huille или huille (изговорено whee-yay или whee-ya, соодветно).
Зелената анаконда може да се најде во Јужна Америка во државите источно од Андите, вклучувајќи ја и Колумбија, Венецуела, Гвинеја, Еквадор, Перу, Боливија, Бразил и на островот Тринидат. Дадениот тип на локалитеот е „Америка“. Мала суипопулација беше забележана во Флорида Еверглас и оваа популација се смета за инвазивна. Во 2010 година, Флорида издаде лиценци за ловење со цел да ги истреби големите змии препознаени како закана за екосистемот, меѓу кои е и зелената анаконда. Анакондите живеат во бари, мочуришта и реки со слаб проток, главно во базените на тропските дождовни шуми во Амазон и Ориноко. Тие се опасни на копно, но тајни и блескави во вода. Нивните очи и назални отвори се наоѓаат на врвот од нивните глави, што им овозможува да лежат во исчекување на жртвата додека се задржуваат за да не бидат потопени.
Во главно видот, ноќна анаконда претендира поголемиот дел од нејзиниот живот да го помине во вода или околу вода. Анакондите понекогаш исто така се познати и како „ Водни Бои“, тие поминуваат повеќе време во вода отколку било која удав. Поради нивната големина, тие по копно се движат бавно и тромаво. Меѓутоа, сосем спротивно во вода, анакондите се познати по нивниот потенцијал да достигнат голема брзина во сите длабочини на водата. Тие се стремат да пливаат со отворена уста зиркајќи над површината на водата. Кога ќе помине жртва или ќе застане да пие вода, гладната анаконда ќе ја зграпчи со нејзините вилици (без да ја јаде или да ја проголта) и ќе се извитка околу неа со своето тело. Змијата тогаш ќе почне да ја стега жртвата додека не ја задуши.
Пред сè водни, тие јадат доста разновидни жртви, речиси сè што можат да совладаат, вклучувајќи риби, птици, разновидни цицачи, и други влекачи. Особено големите анаконди можат да консумираат дури и големи жртви како тапир, елен, глодач и крокодил, но вакви обилни оброци не земаат редовно. Има голем број на локални приказни и легенди во кои анакондата се опишува како човекојадец, но постојат многу малку докази кои би ја оправдале оваа активност. Тие се служат со стегање за да ја потчинат нивната жртва.Канибализмот е исто така познат меѓу зелените анаконди, каде што во повеќето забележани случаи секогаш поголема женка јаде помал мажјак. Научниците цитираат неколку можни причини за тоа, вклучувајќи го драматичниот полов диморфизам кај видовите и можноста дека женката анаконда бара дополнителна храна притекната, после размножувањето за да може да го поднесе периодот на инкубација но вистинската причина за тоа не е позната.
Овој вид е осамен сè до сезоната на парење, која се случува за време на дождовната сезона, и може да трае неколку месеци, обично од април до мај. За ова време, мажјаците мора да ги најдат женките. Типично, женките змии би испучтиле мирис од феромони за мажјакот да ги следи, но сè уште е нејасно како мажјаците од овој вид успеваат да го следат мирисот на женките. Друга можност е дека женката ослободува стимуланс преку воздухот. Оваа теорија е поддржана од набљудувањето на женките кои остануваат неподвижни додека голем бројна мажјаци доаѓаат кон нив од сите правци. Анакондите мажјаци, често и нагло ги движат нивните јазици за да ги осетат хемикалиите што го потврдуваат присуството на женките.
Во секој случај многу од мажјаците често ги наоѓаат истите женки. И покрај тоа што можеби за една женка нема да биде потребно да има повеќе од еден мажјак, ова резултира со преку бројни локални групи, познати како „топки за размножување“, во кои до 12 мажјаци се навртуваат околу истата женка и се обидуваат да ја спарат. Групата може да остане во оваа позиција од 2-4 недели. Овој акт дејствува како бавни движења во натпревар во борење меѓу мажјаците, секој од нив борејќи се за правото да се пари со женка.
За време на парењето, мажјаците ги употребуваат нивните стимуланси за да ги поттикнат женките. Тие агресивно ја притискаат областа околку клоаката, силно против телото на женката, додека континуирано ја гребат со нивните стимуланси. Ова може да предизвика звук на шкрипење. Парењето доаѓа до својата точка на кулминација кога стимулансот на мажјакот ја поттикнува змијата женка да ја крене областа околу клоаката, дозволувајќи клоаките на двете змии да се движат заедно. Тогаш мажјакот ја замотува неговата опашка, опколувајќи ја женката и тие се спаруваат. Нај силниот и нај големиот мажјак често е победник. Меѓутоа, женките се физички поголеми и посилни и можат сами да одлучат кој од мажјаците ќе го изберат. Додворувањето и парењето скоро секогаш се случува во вода.
Парењето е следено од периодот на инкубација, кој трае околу 6-7 месеци. Женките од овој вид ги донесуваат на овој свет младите преку внатрешно оплодување. Носилките, обично раѓаат од 20-40 потомци, иако можат да се родат и до 100 млади. После раѓањето, женките можат да изгубат и до половина од нивната тежина.
Анакондите, истот како и другите змии и повеќето од останатите влекачи, многу лесно можат да се приспособат на климатските промени, животната средина и блиски опкружувања кога тоа е потребно. Причините за потребата на анакондата за адаптирање, можат да варираат. Тие треба да се адаптираат за да се прилагодат на промените во достапноста на храната, и многуте болести на коишто може да бидат изложени во новата средина. Анакондата може исто така да се прилагоди и на промените во температурата и влагата. Промените во температурата можат драстично да ја афектираат змијата, бидејќи таа е егзотерм, и нејзината температура зависи од температурата на животната средина. Ако температурата на средината се зголемува, змијата ќе направи сè што е можно да го заштити своето тело од презагревање а ако пак се намалува, ќе се обиде да лежи во загреани области за да помогне во одржувањето на нејзината нормална температура. Анакондите, како и сите други змии, температурата на нивното тело ја контролираат и регулираат со менување на делот од површината на кожата којшто е изложен на сонце. Ако терариумот, локацијата или местото каде што се чува влекачта постојано се загрева, постигнувајќи го ефектот на стаклената градина, тогаш змијата најверојатно би умрела од презагревање (хипертемија). Влагата на нивната околина исто така може да биде малку различна од влагата на која змијата претходно била навикната. Ова може драстично да го измени нивниот циклус. Пречката на овој циклус е мошне опасна. Одложувањето на циклусот на анакондата најчесто предизвикува, задржување на очните капаци. За време на овие состојби и емоции на змијата, анакондите се познати по нивната агресивна природа.
Некој разумно може да одржува просечна и прифатлива температура за змијата со употреба на едноставен загрејувач и инфрацрвени зраци. Анакондите и другите змии мораат да бидат изложени на ултравиолетово зрачење.Ова е од суштинско значење бидејќи на змијата и е потребно за да го произведува витаминот Д3 за дополнително развивање на коски во нејзиното тело.Повремено излагање на зраци кои емитуваат ултравиолетово зрачење со соодветна бранова должина,или уште подобро,сонцето е исто така потребно за да го одржува здравјето на анакондата.Тешко е да се одржува соодветна влага и мора да бидат направени истражувања за да се утврди точното ниво на влага кое би и одговарало на змијата.Мора да се одржува влага од 80% во кафезот за да може видовите анаконда да се донесат од тропските региони,додека незначително помалку од 30% влага мора да биде одржувана во регионот на пустините.
E.m.gigas (Latreille,1801) E.m.murinus (Linnaeus 1758)
Подвидови | Таксономично име | Општо име | Географски опсег |
---|---|---|---|
E.m.gigas | (Latreille,1801) | ||
E.m.murinus | (Linnaeus 1758) | ||
Анакондите се опишани во хорор-филмовите и литературата, често способни да проголтаат возрасни луѓе,овие закани понекогаш им се придаваат на други видови,како што е бурманскиот питон и удавот.Меѓу најпопуларните филмови кои ги опишуваат нејзините особености се Анаконда од 1997 г.,заедно со нејзините три продолженија Анаконди, Ловот за крвавата Орхидеја, Анаконда 3, Потомство и анаконди, Крвави траги.Овие видови исто така се главни антагонисти во новелата Анаконди од Матијас Бредли, Теророт на Амазонската Тропска Шума во која многубројни хибридни анаконди бегаат од научна лабораторија во Амазонската тропска шума и доаѓаат во контакт со отровни хемикалии,што предизвикуваат брза мутација во гигантски змии.Попозитивни насликување на анакондата постои во расказите Анаконда и Враќањето на анакондата од Хорасио Куирога,кои се прераскажани од гледна точка на анакондите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.