From Wikipedia, the free encyclopedia
Здравко Савески (роден на 11 декември 1976 во Битола) — доктор на политички науки, синдикалец и активист. Поранешен член на преизидумот на политичката партија Левица.[1] Бил основач и член на левичарското движење Солидарност до 2015, и на движењето за социјална правда Ленка до 2011. Савески бил секретар на Мултиетничкиот синдикат на образованието до февруари 2016 година, а претходно бил професор на универзитетот ФОН во Скопје.
Савески е член на МЕСО од 2013 година, а бил секретар во МЕСО од ноември 2014 до февруари 2016 година. МЕСО било исклучено од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поради тоа што грубо го прекршиле статутот на ССМ, додека Савески бил на функцијата секретар. Во реакцијата на ССМ стои дека МЕСО биле исклучени од синдикатот затоа што соработувале со невладини организации и политички партии.[2]
На 25 април 2016 година, Савески бил уапсен и се товарел дека за време на протестот на 13 април против аболицијата која ја објавил претседателот Ѓорѓе Иванов, влегол во народната канцеларија на претседателот, запалил фотографија со неговиот лик и фрлил предмет кон канцеларијата.[3] Од Левица апсењето на Савески го карактеризираат како политички прогон на неистомисленици и дека е со цел да се угуши народниот револт.[4] Покрај кривичната пријава, основниот суд Скопје 1, на Савески му одредил и мерка куќен притвор од 8 дена.[5] На 10 јуни 2016 година, по 45 дена, судот го укинал куќниот притвор но му го одзел пасошот како мерка на претпазливост.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.