Замбези (регион)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Замбези е еден од 14-те административни региони на Намибија. Регионот се наоѓа во североисточниот дел на Намибија и скоро се совпаѓа со Капривскиот појас. Административен центар на регионот е Катима Мулило. Името потекнува од реката Замбези. До 2013 година името на регионот бил „Каприви“.[1]
Замбези Zambezi | |
---|---|
регион | |
Местоположба на Замбези во Намибија | |
Држава | Намибија |
Седиште | Катима Мулило |
Управа | |
• Гувернер | Лоренс Сампофу[1] (НОЈА) |
Површина[2] | |
• Вкупна | 14,785 км2 (5,709 ми2) |
Население (2011)[3] | |
• Вкупно | 90,596 |
• Густина | 6,1/км2 (16/ми2) |
Јазици | |
• солозиски | 89.6% |
• овамбоански | 1.1% |
• англиски | 1.6% |
• африкаанс | 0.4%[4] |
• намански | 1.2% |
• друго | 3.9% |
Час. појас | CAT (UTC+2) |
ISO 3166 | NA-CA |
Ранг | 11 |
Единици | 6 |
Градови | 1 |
Адм. центар | Катима Мулило |
ИЧР (2017) | 0.628[5] medium · 8th |
Мреж. место | arc.org.na/home.php?pn=caprivi council |
Во август 2013 година, по препорака на владина комисија, регионот Каприви требало да се преименува во регион Замбези во обид да се избришат колонијални административни имиња.[6]
Регионот е составен од осум единици:
Регионот се наоѓа во тропска област, со високи температури и врнежи во периодот од декември до март. Ова е највлажен регион во Намибија. Областа е составена од мочурливи предели, рамнини и долини.
Покрај реката Замбези, во регионот се наоѓаат и реките Куандо и Квандо, кои пак ја формираат границата со Боцвата. Најголем град/ населено место во регионот е Катима Мулило, но има и голем дел на села кои гравитираат околу градот.
Во регионот живеат над 90.000 жители,[2] или 4 проценти од населението на Намибија. Голем дел од населението се занимаваат со земјоделство и сточарство. Невработеноста во регионот е 28.0%.[7] Регионот има 102 училишта со вкупно 39,808 ученици.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.