From Wikipedia, the free encyclopedia
Жозе де Соза Сарамаго (португалски: José de Sousa Saramago, 16 ноември 1922 — 18 јуни 2010) — португалски писател, добинтик на Нобеловата награда за литература во 1998 година.
Жозе Сарамаго | |
---|---|
Сарамаго во јануари 2008 | |
Роден/а | Жозе де Соза Сарамаго 16 ноември 1922 Азињага, Сантарем, Португалија |
Починат/а | 18 јуни 2010 87) Тијас, Лансароте, Шпанија | (возр.
Занимање | писател |
Националност | Португалец |
Период | 1947 – 2010 |
Сопруг/а | Пилар дел Рио (1988-2010) Илда Рејс (1944-1970) |
Потпис | |
мрежно место | |
josesaramago.org |
Сарамаго е роден во сиромашно селско семејство кое не поседувало сопствена земја. Тешката финансиска сосотјба го принудила да промени голем број занимања, а од 1976 година се бавел само со литературата.[1] Тој завршил машинобраварски занает во средното техничко училиште во Лисабон, каде што неговото семејство се преселило кога тој имал две години. Во тоа училиште, иако наставната програма била ориентирана кон техничките науки, покрај францускиот јазик, бил застапен и предметот португалскиот јазик и литература. Според неговата автобиографија, бидејќи дома немал книги (првата книга ја купил со сопствени пари на 19-годишна возраст), учебникот по португалски јазик му послужил како порта кон книжевноста. Сарамаго работел како авто-механичар, службеник во Одделот за социјално осигурување, новинар, преведувач, литературен критичар и колумнист и уредник во повеќе португалски весници. Како заменик-директор на весникот „Диарио де Нотисијас“ бил разрешен по воениот удар во 1975 година и тогаш целосно се посветил на литературата.[2] Тој се оженил со Илдом Реис во 1944 година, со која ја имал ќерката Виоланте. Од 1988 година до неговата смрт, тој живеел со неговата втора сопруга, Пилар дел Рио, шпанска новинарка која била официјална преведувачка на неговите дела на шпански јазик. Сарамаго се зачленил во Португалската комунистичка партија во 1969 година, а себеси се сметал за песимист и атеист.[3] [4] [5]
Сарамаговите анархистички и остри критики на монархизмот и католицизмот, како и на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, ги поттикнале некои критичари да го споредат со Орвел, особено по појавата на неговиот роман „Евангелието на Исус Христос“.[6] [7] По цензурата од португалската конзервативна влада во 1991 година, што ја спречила неговата кандидатура за Европската награда за литература, тој се пресели во шпанскиот дел од Канарските Острови, каде што починал во 2010 година од пневмонија.[8] Неговата сопруга, Пилар Дел Рио, била претседателка на Фондацијата на Жозе Сарамаго со седиште во Лисабон.
Својот прв роман, „Земјата на гревот“, Сарамаго го објавил во 1947 година, но подоцна не бил присутен на книжевната сцена сè до 1966 година. Како уредник во една издавачка куќа, тој имал прилика да се запознае со најзначајните современи португалски писатели и така во 1966 година ја објавил поетската збирка „Можни песни“. Оттогаш, тој напишал голем број поетски збирки, збирки раскази, романи, како и критички и полемички статии. Покрај со пишување, Сарамаго се бавел и со преводење (Пер Лагерквист, Бодлер, Толстој, Мопасан, Хегел, Андре Бонар, Жан Касу, Жак Ромен, Анри Фосион, Рејмонд Бајер итн.). Во 1995 година, Сарамаго ја добил најпрестижната португалска книжевна награда, Камоишовата награда, а три години подоцна и Нобеловата награда за литература.[9] [10]
Најпознати дела на Сарамаго се:[11] [12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.