From Wikipedia, the free encyclopedia
Според феминизмот есенцијализмот е стојалиште дека разликите меѓу мажите и жените се суштински, дека постојат посебни машки и женски природи, за разлика од гледиштето дека разликите се социјално/експериментално конструирани. Доколку разликите се суштински, тогаш се претпоставува дека тие се универзални, „природни” и произлегуваат од биологијата.
Лис Иригаре тврди дека постојат суштински женски разлики кои произлегуваат од биолошките разлики. Тереза де Лауретис тврди дека феминистите треба да „ризикуваат” есенцијализам бидејќи тоа е она што прави разлика меѓу феминистичко и нефеминистичко мислење. Италијанските, културалните и француските феминисти се согласуваат дека мајчинството е суштинско актуелно или потенцијално искуство. Антиесенцијалистите, пак, се загрижени дека теориите за есенцијални родови разлики се премногу конзервативни. Деконструкционистите и радикалниот феминизам ги напаѓаат поставените дихотомии (мажественост/женственост), психоаналитичарите тврдат дека сексуалноста е конструирана од јазикот, па субјектот на феминизмот не е „жената”, постмодернистите го предизвикуваат мислењето за универзалноста во масовната култура, додека Џудит Батлер го предизвикува есенцијализмот со постструктуралистичкиот концепт дека родот е „перформанс”.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.