From Wikipedia, the free encyclopedia
Есад Бајрам (турски: Esad Bayram) бил поет, раскажувач, преведувач од турска националност во Македонија[1].
Есад Бајрам | |
---|---|
Роден/а | 29 мај 1934
Охрид, Кралство Југославија |
Починат/а | 10 ноември 2017
Охрид, Македонија |
Занимање | Писател |
Роден е во Охрид на 29 мај 1934 година. Завршил Виша педагошка школа во Скопје. Бил општествено-политички работник. Член на ДПМ од 1987 година.
Неговите предци од Турција дошле во Македонија. Есад Бајрам се гордеел што тие не биле освојувачи туку камилари. Всушност тие носеле храна за војската. Неговиот прадедо се населил во Пештани а татко му и тој се родени Намазија, во Охрид. Мајка му живеела на Имарет. Бајрам бил најмалиот во семејството од уште двајца браќа и една сестра.
Првите стихови ги напишал во почетокот на шеесеттите години од минатиот век, а биле објавени во Млад борец и Бирлик.
Од поранешниот турски претседател Сулејман Демирел добил награда за придонес во афирмацијата на турската литература во светот.
По повод Светскиот ден на преведувачот, 30 септември, во 2012 година Друштвото на писателите на Македонија му ја врачило повелбата “30 Септември“ што се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна успешна преведувачка активност.
Во 2016 година, на една од литературните средби организирани од страна на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје било одржано претставување на личноста и делата на Есад Бајрам од страна на турскиот писател од Македонија Илхами Емин.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.