Ерика Аби Врајт (родена на 26 февруари 1971 година) подобро позната по нејзиното сценско име Ерика Баду е американски изведувач, продуцент и глумец. Нејзините песни содржат елементи од РНБ, хип-хоп и џез музика. Таа е исто така позната во издигнувањето на под-жанрот нео-соул, нејзиниот ексцентричен настап и моден стајлинг. Прочуена е по името Првата Дама на нео-соул музиката и Кралица на нео-соул.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Во почетоците на нејзината кариера Баду е препознатлива по големите и шарени шамии налик на турбани. Поради нејзиниот музички сензибилитет често е споредувана со големата џез дива Били Холидеј. Таа била почесен член на нео соул, хип-хоп друштвото Soulquarians а исто така е позната и како глумица во филмовите : The Blues Brothers 2000, The Cider House Rules, House of D, Before the Music Dies.
Рана младост
Ерика Аби Врајт позната како Ерика Баду е родена во Јужен Далас, Тексас на 26 февруари 1971 година. Таа заедно со својот брат и сестра била израсната само од својата мајка, додека нејзиниот татко Вилијам Врајт Џуниор го напуштил семејството за време на нејзиното рано детство. За да го издржува семејството Колин Марија Гибсон (Врајт) работела како глумица во театарски претстави, додека бабата на Ерика ги чувала децата. Под влијание од нејзината мајка Ерика влегла во водите на шоу бизнисот на многу рана возраст кога имала само 4 години пеејќи и танцувајќи во театарот во Далас. На 14 години Ерика покрај големиот талент Рој Хергров емитувала емисија во една од локалните радио станици. Во раната младост решила да го промени своето име од Erica во Erykah, цврсто убедена дека тоа било нејзиното ропско име. Kah е суштествен поим на своето јас. Баду кај Акан народот во Гана е име кое било давано на секое 10-то родено дете. По завршувањето на средното училиште за визуелна уметност и драма Букер Т. Вашингтон, Баду го продолжува своето образование студирајќи глума на државниот универзитет “Грамблинг” познат како колеџ за Афроамериканци. Пред да дипломира во 1993 таа целосно се насочува кон музиката и ги напушта студиите. За да се издржи себе работи за минимална плата. Предава танц и драма на деца во центарот за култура во Јужен Далас. Патува на тури и работи заедно со својот братучед Роберт Фри Бредфорд со кој снима 19 демо песни кои го привлекуваат вниманието на Кедар Масенбург кој е виновникот за дуетот со D’Angelo, “Your precious love”, а подоцна потпишува и договор со продуцентската куќа Universal Records.
Музичка кариера
Baduism, познатиот дебитантски албум на Баду е издаден во почетокот на 1997 година и го достигнува второто место на билборд листите. Водечкиот сингл On & On го достигнал дванаесеттото место на сингл-листата во САД и Велика Британија. Баду добила пофалби за интроспективните текстови пропратени со бас и џез мелодија, поздравена како една од водечките сили на нео-соул жанрот. Нејзиниот специфичен стил на пеење бил споредуван од многумина со оној на Били Холидеј. Baduism трипати станал платина и заедно со On&On освојува Греми награда во 1998 година. Во текот на 98 година Баду била во врска со раперот Андре 3000 од групата Ауткаст и со кој има едно дете, Севн, родено во 1997 година. Нивната врска завршила некаде кон крајот на 90-тите. Тогаш Баду која била бремена го снима нејзиниот прв албум со изведби во живо Live а издавањето на албумот се совпаѓа со раѓањето на Севн. Овој албум го достигна четвртото место на билборд листите продавајќи се во двојна платина, од кој започнало и создавањето на друг РНБ хит сингл Tyrone, во која се критикува еден себичен, евтин и невнимателен дечко. Баду исто така соработува и со The Roots (кои претходно имаат работено на албумот Baduism) во 1999 година на нивниот пробив на сцената со Things Fall Apart. Таа соработува со нив на песната You Got Me, на која соавтор е Jill Scott кој се проби на топ 40 листата и доби Греми награда за најдобра изведба од дует или група. По мала пауза која ја направи за да го чува својот син Баду повотрно се враќа во 2000 година со Mama’s Gun, албум со пожив звук од нејзиниот претходен студиски албум работен од друштвото на нео-соул и хип-хоп изведувачи Soulquarians, но на крајот потпишан од фретлес басистот Тино Паладино. Ремиксот на една од песните од албумот Bag Lady е издадена како прв сингл од албумот и била прво место на РНБ листите седум недели. Албумот е добро прифатен, со текстови кои добија пофалби од страна на издавачите на кои им беше тешко да ги дешифрираат текстовите на нејзините претходно издадени песни. И покрај тоа што третиот албум не го достигна успехот као претходните два сепак е успешен како платински албум а Bag Lady е номинирана за Греми награда. До 2000 година Баду е во романтична врска со еден од членовите на нео-соул, хип-хоп друштвото, The Common a Love Of My Life е издадена како соработка помеѓу двајцата артисти за потребите на филмот Brown Sugar кој го достигна деветтото место на топ листите а Баду ја добива и својата четврта Греми награда за оваа песна во 2003 година. По Mama’s Gun и Love Of My Life Баду поминува низ период на блокада на инспирација. Во 2002 и 2003 година таа започна да трага по инспирација на турата на фрустрирани артисти за да започне да создава нов материјал. Оваа тура ја врати Баду назад во студио со нов материјал и во септември 2003 година беше издаден и новиот албум Worldwide Underground. Со повеќе џез призвук за разлика од претходно издадените албуми Баду била цитирана велејќи дека албумот е издаден да служи како продолжен грув. Worldwide Underground го достигнал третото место на билборд листата и не многу долго по неговото издавање бил сертифициран како златен и за овој албум следеле четири Греми номинации. Таа придонела многу за албумот Zap Mama “Ancestry in progress” додавајќи го нејзиниот вокал во траката Bandy Bandy. По скоро четири години од раѓањето на нејзината ќерка Пума било откриено дека во 2007 година Баду подготвува три нови албуми. Honey е новиот сингл продуциран од 9th Wonder пуштен на интернет во ноември 2007 година а по кратко време е издаден и новиот албум New Amerykah Part One (4th World war) пуштен во продажба на 26 февруари 2008 година. Според Nielsen Soundscan албумот бил прoдаден во 359 илјади копии само во САД а Ерика Баду за првпат го промовирала на десеттото по ред Voodoo Experience во Њу Орлеанс на викендот пред Денот на вештерките во 2008 година. На 31 август 2010 година е издаден и албумор Icon на кој се наоѓаат 12 од најпознатите хитови на Ерика од различни албуми.
Текстовите на Ерика ги предизвикуваат слушателите со нивната лична, емотивна, филозофска и политичка содржина. Низ нив се проткајува сплет на влијанија кои оформуваат богата структура на звуци. Враќајќи се на песните и рап изведувачите од старата школа таа постигнала еден хип-хоп сензибилитет во нејзината музика. Покрај тоа голем дел од нејзините песни се напишани под влијание на џез музиката при што можат да бидат категоризирани и како асид-џез. Музичките новинари ја етикетираат како њу-соул или нео-соул често споредувајќи ја со дивата Били Холидеј особено во текстовите а во стилот на музичкиот жанр ја ставаат покрај D’Angelo. Позната како жесток соработник има настапуваноо со многу познат имиња од најразлични музички стилови и позадини а меѓу нив е и познатиот рут реге изведувач Burning Spear.
Во мај 2008та година во едно издание на списанието Peach Magazine беше напишано дека промената на звукот и навиката на носење турбани лошо се одразила на нејзината кариера. Оваа кралица на нео-соул музиката некаде во деведесеттите години изјави дека таа етикета е погрешна и бесмислена велејќи:
Нео-соул музиката е мртва. Никогаш не ни знаев што е тоа всушност.
Но, денес вели дека веќе знае која е таа. Како продуцент и режисер на своите спотови и настапи Баду изјавува:
Уметноста е мојата религија. Вие не ги гледате повеќе шамиите на мојата глава затоа што јас станав само таа шамија.
На Мапет шоу околу 1997 година заедно со Елмо, Бебето Бер, Розита и Зои ја испеа песната We’re all friends (3712 епизода)
Баду е приморана да го подели своето време помеѓу двата града Далас и Бруклин, Њујорк. Баду ова време има три деца, најстариот син е Севн Сириул, роден 1997 година, од поранешниот партнер Андре 3000 од Ауткаст. Од 2000 до 2002 година е во врска со рап изведувачот Common. На 5 јули 2004 година во Далас на свет доаѓа и Пума Сабти. Татко на Пума е раперот The D.O.C кој оригинално потекнува од Далас, Тексас. На први февруари 2009 година Баду во својот дом го раѓа и своето трето дете, девојчето Марс Меркаба плод од нејзината петгодишна врска со раперот Jay Electronico кој ги згрижува и претходните две деца Севн и Пума.
По нејзината изведба во 2010 година на Soul Train Awards се раширија гласини поради нејзиниот изглед и облека која ја прикрива дека е трудна по четврти пат и тоа од полицаецот кој наводно ја уапсил за време на снимањето на видеото за песната Window Seat. Баду брзо ги негираше гласините на нејзиниот профил на друштвената мрежа Твитер на први декември 2010 година кога изјави:
Сите знаат дека НИКОГАШ не бев уапсена за видеото на Window Seat ниту пак сум на условно. Се што добив е писмена опомена и НЕ СУМ БРЕМЕНА, не бремена само малку дебелка
Баду е активист во нејзиниот роден град Јужен Далас. Нејзината добротворна организација Beautiful Love Incorporated Non Profit Development (B.L.I.N.D) овозможува општествен развој за младите низ музика, танц, театар и визуелна уметност. За изданието јули-август на списанието Veg News Magazine Баду изјавува:
Веганската храна е храна на соул музиката во нејзината највистинска форма.Соул храната значи хранење на душата. Според мене, твојата душа е твоата намера. Ако твојата намера е чиста, чиста ќе биде и твојата душа.
Баду се појавува во повеќе филмови и тоа : Blues Brothers 2000, The Lider House Rules, House od D, Before The Music Dies, Dave Chappelle’s Block Party. Најавено е дека ќе ја игра главната улога покрај Mos Def во престојниот филм Bobby Zero во кој се раскажува приказната за еден пар кој паѓа на дното во сипомаштија откако ликот кој го глуми Mos Def се откажува од неговите уметнички аспирации за да започне бизнис во маркетингот. Таа се појавува и во сцени на спотовите на Miko Marks во 2006 година и на The Common “The Light” а исто така и во комедијата Girlfriends. Именувана е како музата на модниот творец Том Форд во 2008 година као лице на серијата на парфеми White Patchoulli. Форд како долгогодишен пријател на Баду ја смета Ерика како најдобар избор на кампањата. Тој вели :Отсекогаш сум ја сметал за вистинска убавица...а и одговара.
На 13 март 2010 година Ерика Баду се соблекува одејќи по улицата каде што е убиен претседателот Кенеди. Како што завршува песната се слуша истрел и Ерика паѓа на земја, Целта на сето ова е да се направи контроверзен спот за песната Window Seat. Ерика на својот твитер профил напиша : …снимавме во центарот на Далас во стилот на герила, без екипа, без затворен сет, без предупрадувања, 2 минути, а потоа избегавме како луди...
На видеото се гледаат деца со нивните родители додека Ерика се соблекува во Daily Plaza, познато туристичко место од убиството на Кенеди во 1963 година. На прашањето во врска со цоблекувањето во присуство на деца Баду одговори
Не ни помислив на нив сè додека не ги видов и во мојата глава сакав телепатски да им ја пренесам мојата добра намера. Тоа е сè што можев да направам и се надевам нема да бидат истрауматизирани. На 3 април 2010 година Баду ја објаснува својата намера на The Wanda Sykes Show дека не сакала да го навреди сеќавањето на претседателот Кенеди велејќи
Мојата поента беше тотално погрешно сфатена во цела Америка. ЏФК е еден од моите херои, еден од хероите на нацијата. Џон Ф. Кенеди е револуционер, тој не се плашеше да ја соголи вистината за Америка а јас не се плашев да и ја покажам мојата гола вистина.
Коди и Чик, режисерите на видеото на Window Seat признаа дека парите за видеото ги чувале во случај Ерика Баду да биде уапсена за време на снимањето. Баду вели дека видеото е протест против “мислењето на групата” и е инспирирано од музичкото видео на Мет и Ким за песната “Lessons Learned”. Баду изјавува дека не се кае за тоа што го направила.
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.