Енергетски систем е систем што е првенствено дизајниран за снабдување со енергетски услуги до крајните корисници.[1]:941

Thumb
Физичките компоненти на просечен енергетски систем што снабдува горива и електрична енергија (не и топлинска енергија) до крајните корисници

Од структурна гледна точка, Петтиот извештај за проценка на МПКП го дефинира енергетскиот систем како „сите компоненти поврзани со производство, претворање, испорака и употреба на енергија“.[2]:1261 Во областа на енеростапанството се вклучуваат и енергетските пазари кои го третират енергетскиот систем како „технички и економски системи“ што ја задоволуваат побарувачката на потрошувачите за енергија во облик на топлина, горива и електрична енергија.[1]:941

Според првите две дефиниции се овозможуваат мерки кон побарувачката страна, вклучувајќи го дневното осветлување, термо-изолацијата на градбите и дизајнирањето пасивни сончеви градби, и социо-економски фактори, како што е управувањето со побарувачката на енергија, па дури и за работењето од дома. Третата дефиниција не се однесува за сивата економија и биомасата која што е значајна за многу земји во развој.[3]

Анализата на енергетските системи ги опфаќа инженерството и економијата.[4]:1 Спојувањето на идеите од двете области, за формирање на разбирлива дефиниција, е исклучителен предизвик, особено онаму каде што е вклучена макроекономската динамика.[5][6]

Концептот околу тоа што би претставувал енергетски систем се менува кога нови регулативи, технологии и практики стапуваат во функција - на пример, трговијата со емисии, развојот на паметни мрежи и поголемата употреба на управувањето со побарувачката на енергија.

Терминологија

Од структурна перспектива, енергетскиот систем е како и секој општ систем и е составен од збир на допирни компоненти, сместени во неговата околина.[7] Овие компоненти потекнуваат од инженерството и економијата. Во поглед на процесот, енергетскиот систем „се состои од интегриран збир на технички и економски активности кои работат во комплексна општествена рамка“.[4]:423 Одбирањето на компонентите и однесувањето на енергетскиот систем зависи од околностите, целта на анализата и зададените параметри. Затоа, концептот за тоа што претставува енергетски систем, е всушност апстракција на која обично и претходи некаква форма на компјутерско испитување, како што е изградбата и употребата на соодветен енергетски модел.[8]

Гледано од инженерска смисла, енергетскиот систем е претставен како проточна мрежа: темињата на една замислена отсечка соодвестуваат со инженерските компоненти како електричните централи и цевководи, додека рабовите се врската помеѓу овие компоненти. Овој пристап овозможува збирови од слични или соседни компоненти да се соберат и третираат како едно за поедноставување на моделот. Откако ќе бидат опишани на тој начин, можат да се применат алгоритмите за проточни мрежи, како што е проблемот за проток од минимални трошоци.[9] Самостојно, и самите компоненти можат да се третираат како прости динамички системи.[1]

Спротивно на ова, релативно чистото економско моделирање може да усвои секторски пристап со ограничени детали кон инженерството. Секторските и подсекторските категории објавени од „Меѓународната енергетска агенција“, често се користат како основи за анализа. Студија од 2009 година на секторот за енергетска енергија во Велика Британија, го споредува користењето на технолошки богатиот „Маркал модел“ со некои други секторско станбени модели во Велика Британија.[10]

Меѓународните енергетски пресметки обично се делат според изворите на енергија, секторот и под-секторот, и по државата.[11] Изворите на енергија (т.е. производите на енергија) се класифицираат како примарна и секундарна енергија, а понекогаш и како финална (за крајна употреба) енергија. Објавените податоци за енергија се нормално прилагодени на начин што се внатрешно конзистентни, што значи дека сите залихи и текови на енергија мора да се балансирани. МЕА редовно објавува енергетски статистики и енергетски биланси со различно ниво на детали и трошоци, и исто така нуди среднорочни проекции засновани на овие податоци.[12][13] Поимот „конвергиран енергетски извор“, што се користи во енергетската економија, е различен од дефиницијата за енергија што се користи во физиката.

Енергетските системи можат да се разликуваат според опсегот, од локално, општинско, националнио и регионално ниво, до глобално, во зависност од зададените параметри. Истражувачите понекогаш ги вклучуваат и мерките од побарувачката страна во рамките на нивната дефиниција за енергетски систем. Меѓународниот панел за климатски промени (МПКП) ги вклучува и овие мерки, на пример, но ги опфаќа во посебни поглавја за транспортот, градбите, индустријата и земјоделството.[б 1][2]:1261[14]:516

Одлуките за потрошувачката и инвестициите на домаќинствата, исто така може да бидат вклучени во рамките на енергетскиот систем. Ваквите размислувања не се вообичаени бидејќи однесувањето на потрошувачите е тешко да се одликува, но вообичаено е да се вклучи човечкиот фактор во моделите. Однесувањето на домаќинствата може да биде симулирано со техниките како ограничена рационалност и однесувањето на поединци.[15] Американското здружение за напредуок во науката (АЗНН) конкретно се залага дека „треба да се посвети поголемо внимание на однесувањето на потрошувачите, наместо само истражување на цените и приходот, во економските модели (на енергетскиот систем)“.[16]:6

Енергетски услуги

Концептот за енергетската услуга е неопходен, особено при дефинирање на целта на енергетскиот систем:

Важно е да се сфати дека употребата на енергијата не е целта, туку насочувањето на неа кон задоволување на човечките потреби и желби. Енергетските услуги се целта на која енергетскиот систем треба да ги обезбеди средствата.[1]:941

Енергетските услуги можат да се дефинираат како комфорност што се обезбедува преку потрошувачката на енергија или снабдувањето на овој начин.[17]:2 Поточно кажано:

Побарувачката треба, кога е можно, да се дефинира во смисла на обезбедување енергетски услуги, карактеризирани со соодветена употреба[б 2] - на пример, температурата на воздухот во случај на греење на просторот или нивото на лукс при осветлувањето. Овој пристап дава поголем збир на потенцијални одговори на прашањето за снабдување, вклучително и употребата на енергетски-пасивни техники - на пример, обновата на топлинската изолација на градбите и дневното осветлување.[18]:156

Разгледувањето на енергетските услуги по глава на жител и како таквите услуги придонесуваат за благосостојбата на човекот и поединечниот квалитет на живот е најважно во дебатата за одржливата енергија. Луѓето што живеат во сиромашните региони, со ниско ниво на потрошувачка на енергетските услуги, сигурно би имале корист од поголема потрошувачка, но истото генерално е неточно за оние со високо ниво на потрошувачка.[19]

Поимот енергетски услуги ги создаде компаниите за енергетски услуги (КЕУ) кои склучуваат договори за да обезбедат енергетски услуги на клиентите на подолг период. Потоа, КЕУ се слободни да ги изберат најдобрите средства за тоа, вклучително и инвестиции за топлински подобности и опрема за ГВК во однос на градбите што се снабдуваат.[20]

ISO 13600, 13601, 13602 кон техничките енергетски системи

ISO13600, ISO13601 и ISO13602 формираат збир на меѓународни стандарди кои ги покриваат техничките енергетски системи (ТЕС).[21][22][23][24] Иако се повлечени во 2016 година, овие документи даваат корисни дефиниции и рамки за формализирање на ваквите системи. Овие стандарди го отсликуваат енергетскиот систем поделен на сектори на понуда и побарувачка, поврзан со трговијата со енергија (или производите на енергија). Секторите понатаму може да се поделат на подсектори, секој исполнувајќи некаква наменска цел. Секторот за побарувачка е во крајна линија присутен за снабдување на потрошувачите со услуги засновани на производи на енергија (видете во енергетски услуги).

Видете и:

  • Контролен волумен - концепт од механиката и термодинамиката
  • Систем на електрична енергија - мрежа на електрични компоненти што се користат за генерирање, пренесување и користење на електрична енергија
  • Секундарна енергија - познато и како производ на енергија, енергетски вектор, енергетска стока
  • Развој на енергијата - напорот да се обезбеди на општествата доволно енергија со намалено социјално и еколошко влијание
  • Енергетска економија - областа на економијата која се занимава со снабдување и побарувачка на енергија
  • Енергетско моделирање - процесот на градење компјутерски модели на енергетски системи
  • Енергетска индустрија - снабдувчката страна на енергетскиот сектор
  • Математички модел - претставата на систем кој користи математика и често се решава со употреба на компјутер
  • Објектно-ориентирано програмирање - парадигма за компјутерско програмирање прилагодена да ги претстави енергетските системи како мрежи
  • Мрежна наука - проучување на комплексни мрежи
  • Бази на податоци за отворен енергетски систем - проекти за бази на податоци што собираат, чистат и преобјавуваат збирки на податоци поврзани со енергијата
  • Модели на отворен енергетски систем - преглед на модели на енергетски системи кои исто така се со отворен извор
  • Сенков дијаграм - се користи за да се прикажат енергетските текови на системот
  • Систем - општ термин

Белешки

  1. The IPCC chapter on agriculture is titled: Agriculture, forestry, and other land use (AFOLU).
  2. The term intensity refers to quantities which do not scale with component size. See intensive and extensive properties.

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.