From Wikipedia, the free encyclopedia
Емануел Греј „Еми“ Росум (родена на 12 септември 1986 г.) — американска глумица и пејачка.
Еми Росум | |
---|---|
Росум во 2010 година | |
Роден(а) | Емануел Греј Росум 12 септември 1986 Менхетен, Њујорк, САД |
Занимање | Глумица • пејачка |
Активен период | 1993–сè уште |
Сопружник | Џастин Сигел (2008–2010) |
Партнер | Сем Есмаил (2013–денес) |
Страница emmyrossum.com |
Таа е позната по улогата на Фиона Галагер во телевизиската серија Бесрамници.[1] На почетокот на својата кариера, таа играла во филмовите Ловец на песни (2000), Американска рапсодија (2001) и Судбина (2002). Таа ѝ станала позната на пошироката јавност со улогата во мистериозната драма Мистична река (2003). Таа глумела во научно-фантастичниот филм Денот после утре (2004) и добила пофалби од критичарите за изведбата во главна улога во Фантомот од операта (2004). Таа оттогаш глумела во филмовите Посејдон (2006), Драгонбол: Еволуција (2009), Предизвик (2009) Прекрасни суштества (2013), Пред да исчезнам (2014), Ти не си ти (2014) и Комета (2014).
Во 2007 година, Росум го издала својот деби албум, Inside Out. Истата година таа издала божиќен мини-албум, насловен Carol of the Bells. Во 2013 година, таа го издала вториот албум Sentimental Journey.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.