From Wikipedia, the free encyclopedia
Броило на електрична енергија, електрично броило или струјомер[1] – уред со кој се мери и регистрира електричната енергија испорачана на потрошувачот во електроенергетскиот систем. За домаќинствата се мери и пресметува само активната енергија, а мерната единица е киловатчас (kWh).
Во зависност од видот на електричниот приклучок, броилата можат да бидат еднофазни и трофазни. Двотарифните и повеќетарифните броила можат одвоено да ја регистрираат потрошувачката во периодите утврдени со тарифниот систем.
Работата на класично броило се заснова на регистрирање на вртежите на индукциски мотор на механички бројач. Моторот има одвоени намотки за напон и струја со кои се постигнува аголната брзина на роторот да е сразмерна на електричната моќност, што може и да се проверува бидејќи ознаката на роторот е видлива низ отворот на предната плоча. Бидејќи вкупното завртување на роторот е еднакво на интегралот на аголната брзина во даденото време, а енергијата е еднаква на интегралот на моќноста во време, значи дека и вкупното завртување е сразмерно на енергијата.
Модерните електронски броила множењето на напонот и струјата, како и интеграцијата, ја вршат со електронски склопови.
Најчесто во употреба е Халов сетилник на напон во кој се индуцира напон сразмерен на струјата на оптоварување. Потоа, во логичките модули се врши множење на напонот и струјата, а со множење со изминатото време се добива износот на преземената електрична енергија кој е испишан на дисплејот со течни кристали (LCD). Освен Халовата сонда, за мерење на струјата се користи и струен трансформатор или прецизен отпорник – шант, па со множење на напонот и струјата се врши со помош на посебно дизајнирано интегрирано коло (чип).
Понапредните комби електронски броила одвоено мерат 4 енергии: работна потрошена, работна произведена, јалова индуктивна и јалова капацитивна енергија. Освен енергијата електронските броила ја мерат моќноста и имаат интегриран лимитер. Најголемата предност на електронските броила е што може да се вмрежуваат и да се отчитуваат со рачен терминал или далечински преку ГСМ или фиксен модем. Најчесто електронските броила имаат одвоени месечни извештаи за потрошувачката и моќноста најмалку за 12 месеци и тоа се вика пресметковен период. Електронските броила најчесто имаат повеќе од две тарифи и самостално ја префрлаат тарифата преку сопствен саат и складирани времиња за префрлање. Ваквите броила, освен интегрираниот саат, може да имаат и интегриран приемник за мрежно тонско управување кој ги прима командите од мрежата и врз основа на нив ги префрла тарифите, ги менува поставените времиња на префрлање или го синхронизира часовникот на броилото.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.