From Wikipedia, the free encyclopedia
Економија - книга на македонскиот економист Таки Фити, првобитно објавена во 2006 година. Книгата доживеала неколку изданија и се користи како универзитетски учебник на повеќе економски факултети во Македонија.
Првото издание на книгата се појавило во 2006 година, објавено од Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Рецензенти на книгата биле Методија Стојков и Димитрија Новачевски, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, а компјутерска подготовка ја направил Бане Галиќ. Книгата, со димензии од 26 сантиметри и со обем од 540 страници, била испечатена во печатницата „Македонска ризница“ од Куманово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-113-72-6.[1]
Третото издание на книгата се појавило во 2010 година.[2]
Во 2014 година се појавило четвртото издание на книгата, објавено од издавачката куќа „Култура“. Рецензенти на книгата биле Методија Стојков и Димитрија Новачевски, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, лектор Здравко Ќорвезироски, а компјутерска подготовка ја направил Бане Галиќ. Книгата е со димензии од 26 сантиметри и со обем од 580 страници. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-32-775-9.[2]
И четвртото издание се состои од предговор, речник, индекс и 23 глави, групирани во три дела: Вовед во економската наука, Основи на микроекономијата и Основи на макроекономијата. Притоа, во однос на првото издание, содржината на првиот и вториот дел е непроменета; исто така, првите две глави од третиот дел (13. и 14. глава) се исти како во првото издание, 15. глава се вика Економскиот раст и продуктивноста, 16. глава е наречена Економски циклус, 17. глава се вика Потрошувачка, штедење и инвестиции, а потоа, распоредот на следните глави (од 18. до 23.) е ист како во првото издание.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.