Езерото Восток (руски: Восток, исток) е најголемо до сега од 150-те утврдени езера под ледената покривка на Антарктикот. Се наоѓа на долабочина од 3700 до 4100 метри под површината на ледот, под руската поларна истражувачката станица Восток. Езерото Восток е слатководно. Температурата на ова езеро изнесува 3 °C[2]
Езеро Восток | |
---|---|
Сателитска снимка од езерото | |
Координати | 77°30′S 106°00′E |
Вид | подледничко |
Сливни земји | (Антарктик) |
Најг. должина | 250[1] км |
Најг. ширина | 50[1] км |
Површина | км2 | 15,690
Прос. длабочина | 344 м |
Најг. длабочина | 1.000[1] м |
Зафатнина | 5.400 ± 1.600 км3 |
Проточност | 13.300 г. |
Острови | 1 |
Населени места | Станица Восток |
Руски и британски научници го отркиле ова езеро во 1993.[3] Неговото постоење е докажано во 1996 со комбинирани методи на радарски мерења од авион, радарски снимки од вселената и анализи од сеизмичките бранови. Поради својата положба длабоко во ледот, ова езеро се смета за најчисто и недопрено езеро. Водата во него е стара неколку милиони години.[4][5] [6] И според просечната температура од 3 °C водата во него не е смрзната, туку е под притисок од 30 до 30 мегапаскали под ледот.[7].
Истражувачката станица Восток е изградена во 1957 година со намена да ја проучува историјата на климата. Во 1983 година тука е измерена температура од -89.2 °C што е најниската температура измерена во историјата на Земјата. Руски, франсуцски и американски научници во 1990 година овде почнале со дупчење на ледената покривка. Подоцна било покажано дека дупката што до тогаш била направена, всушност била многу блиску до самото езеро. Дупчењето продолжило до 1999 година, кога застанало на околу 150 метри над езерото. Одлуката за запирањето на дупчењето дошла со тоа што не смеело да се контаминира езерото (при дупчењето е користено гориво и фреон). Анализите покажале дека последните 60 метри од дупчењето не го сочинувале поларен лед туку замрзнатата вода од езерото. Староста на ледот се проценува на 420.000 години, а езерото, според проценките е под ледот од 500.000 до 1.000.000 години.
Езерото се наоѓа на ледник кој се лизга со мала брзина и нанесува седимент во него. Дното на езерото не е рамно. Разликата во нивото помеѓу краевите на езерото е 400 метри.
Концентрацијата на кислород во езерото е околу 50 пати поголема од вообичаените слатководни езерски води. Поради дупките во ледот и големиот притисок, кислорот продрува низ ледот. Фосилите на микробите се стари 200.000 години укажувајќи дека во езерото постојат (или постоеле) услови за живот. Во 2005 година истражувачи откриле дека водата во езерото се померува 1-2 сантимери за време на плима и осека, која е предизвикана од страна на сонцето и месечината. Овие помали померувања на водата обезбедуваат минимална циркулација на вода која е неопходен услов за опстанок на микроорганицмите.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.