From Wikipedia, the free encyclopedia
Брод или кораб – централниот дел на црква, кој се простира од главниот влез до трансептот, или до презвитериумот, кај цркви без трансепт.[1][2] Кај повеќекорабните цркви се разликуваат главен, бочен и попречен брод.[1] Во поширока смисла, бродот ги опфаќа сите простори за учесниците лаици, вклучувајќи ги бочните бродови и трансептите.[3]
Коработ се простира од влезот, кој може да има посебен дел — припрата (нартекс), до презвитериумот. Кај повеќекорабни цркви се разликуваат главен кораб, бочни кораби и попречни кораби [4]. Коработ, односно главниот кораб кај повеќекорабните цркви, обезбедува централен пристап до олтарот.
Поимите брод и кораб се превод од латинскиот збор navis, ран симбол на христијанската црква, а можно е да е поврзан со "бродот на Св. Петар" или Ноевата арка.[1][3][5] Поимот може исто така да доаѓа од обликот на сводната архитектура на црквата.[6] На многу јазици истиот збор се користи за пловило и за архитектонски елемент.
Првите цркви биле градени од градители на кои им бил близок обликот на романската базилика, јавна градба за деловни трансакции. Таа имала централен дел, со бочни делови одделени со столбови и со прозорци близу до таванот. Базиликата „Св. Петар“ во Рим е ранохристијанска црква која имала ваков облик. Била изградена во 4 век по нарачка на римскиот цар Константин I, а била обновена во 16 век.[1][3]
Коработ, главниот дел од градбата, е дел за лаиците, додека презвитериумот е резервиран за свештенството. Во средновековните цркви, бродот бил одвоен од презвитериумот со хорна (презвитериумска) преграда. Истите биле украсени и се карактеристични за католичките цркви од 14 до 16 век.[1][3][7]
Средновековните бродови биле поделени во ниши, па повторувањето на формите дава ефект на голема должина. Исто така бил нагласен и вертикалниот елемент на бродот. За време на ренесансата, наместо драматични ефекти се применувале побалансирани пропорции.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.