Роман From Wikipedia, the free encyclopedia
Еден ден на Иван Денисович (руски: Один день Ивана Денисовича) — краток роман на рускиот писател Александар Солженицин од 1962 година.
Автор | Александар Солженицин |
---|---|
Изворен наслов | Один день Ивана Денисовича |
Земја | Советски Сојуз |
Јазик | Руски |
Жанр | Историска фикција, политички роман |
Издадена | 1962 |
ISBN | 0-451-52310-5 |
OCLC | 29526909 |
Во романот е прикажан еден ден на затвореникот Иван Денисович Шухов, која ја издржува десетгодишната казна затвор во еден логор во руската степа. Рано наутро, затворениците ги будат за да одат на работа, а Шухов чувствува некоја мачнина, поради која се пријавува во амбулантата, но таму не успева да добие слободен ден. Потоа, по скромниот појадок, тој успева да скрие парче леб во душекот на креветот и заминува на местото каде затворениците ја градат термо-централата. Бидејќи температурата е многу ниска, затворениците најпрвин се обидуваат да се затоплат, затворајќи ги прозорските окна и палејќи оган. Потоа, тие започнуваат совесно да работат, а Шухов се истакнува како едне од најдобрите ѕидари. По завршувањето на работата, затворениците се враќаат во логорот, каде Шухов чека во редот за пратки, заменувајќи го затвореникот Цезар, кој за награда му ги отстапува вечерата и лебот. Вечерта, добро нахранет, Шухов оди задоволен на спиење, среќен што добро го пминал денот.
Сиромашното дејство на романот служи само како рамка во која авторот го опишува специфичниот живот во логорот, каде затворениците покажуваат голема солидарност, помагајќи си во секоја прилика и казнувајќи ги безмилосно предавниците. Притоа, никој не мисли на денот кога ќе ја дочека слободата, зашто таа изгледа бескрајно далеку. Оттука, секој затвореник е преокупиран со мислата како да се помине денот, како да се избегне затворската ќелија, како да се заштеди силата во текот на работата, како да се добие повеќе храна итн. Шухов речиси го има заборавено својот цивилен живот и не размислува за враќањето дома, ниту пак му е јасно зошто е осуден, зашто сите тие прашања немаат никаква смисла во суровите услови за живот во логорот, каде што преживувањето е единствената цел на човекот.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.