Евангелско-конгрешанска црква
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евангелска-конгрешанска црква — евангелско-протестантска црква и е дел од Евангелско-протестантската иницијатива.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Кратенка | ЕКЦ |
---|---|
Основана | ноември 1990 |
Вид | Црква |
Регион | Македонија |
Припадност | Евангелско-протестантска иницијатива |
Историја
Група од триесетмина луѓе од методистичката црква, кои уште од 1987 година редовно се собирале по домовите, каде одржувале богослужби, молитви, обожавање на Бог и евангелизирање, во 1989 година стапила во допир со конгрешаните во Соединетите Држави, преку Мајкл Џонсон. Во ноември 1990 година, во вилата на Владо Карамазов, 60-мина членови го одржале основачкото собрание на Евангелско-конгрешанската црква. На собранието присуствувал претседателот на Светскиот сојуз на конгрешанските цркви, Клиф Кристенсени и генералниот секретар Давид Саундерс. Оттогаш, оваа црква станала дел од Светската асоцијација на евангелско-конгрешански цркви. Регистрацијата била на 20 ноември 1990 година, а името е земено во спомен и во обид да се возобнови конгрегациската црква којашто постоела до 1922 година, пред административно да прејде во методистичка црква.
Црквата повторно го вовела управувањето од конгрегациски тип и црковниот завет, а го прифатила крштевањето верници. Во базенот „Карпош“, на 18 декември 1994 година биле покрстени 16 луѓе, од пастор Никола Неделчев од Софија и Дик Волтон, професор на „Логос“, евангелско теолошко училиште од Софија, Бугарија. По крштавањето, црквата се собирала во изнајмен простор во Ново Маало. Васе Азманов бил назначен за одговорно лице, а духовниот одбор го сочинувале: Владо Карамазов, Божин Костадинов, Павле Костадинов, Коста Карамазов, Драган Цикалов, Стефан Манчев, Илија Цеков и Киро Милчев. Проповедник бил Павле Костадинов.
Во евангелско-конгрешанската црква, во соработка со конгрешанската мисија од САД, во 1992 година дојде првиот мисионер Ерик Палмквист, а подоцна Филип Џексон и редица други, кои ги зголемиле активностите на црквата и започнале домашни заедништва во неколку населби во Скопје. Во 1993 година бил изнајмен простор на бул. Илинден, и црквата во следните три години нараснала со групи во Драчево и Шуто Оризари, каде што започнала црква со богослужби на ромски јазик.
Заедништвата на евангелско-конгрешанската црква во Шуто Оризари, прераснала во црква „Неви Гили“ во 2001 година и за неа бил одговорен Усеин Раман, додека за онаа во Драчево во 2006 год., одговорен е Тале Талевски. Постојат и црковни заедници во Свети Николе и с. Пеширово, основани во 2004 год., во с. Волково (2007), во Горно Лисиче и Ѓорче Петров (2009), како и во Топаана, во 2011 година. Членството на ЕКЦ се проценува на 530 членови и служат три пастори и 12 евангелизатори.[1]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.