From Wikipedia, the free encyclopedia
Еак, (грки јазик |Аиакос; латински јазик|Aeacus)е син на богот Зевс и нимфата Егина. Крал на островот Егина, а по смртта еден е од тројцата судиии во Адот.
Еак се родил на островот кој се наоѓа помеѓу Атика и Арголида, а го носи името на неговата мајка Егина. Каога пораснал, неговиот татко му дал да владее со островот, и ниту еден смртник не му био рамен по истинољубивоста и правдољубивоста. Толку бил чесен па дури и самите богови го повикувале да им пресудува во нивните спорови.
Бил син на Зевс и нимфата Егина, ќерка на речниот бог Асоп. кога кралството му било во најголем процут, Хера, Зевсовата жена, која била љубоморна на Еаковата мајка Егина, го обиколила островот со магла и размножила змии отровници кои ги затруле сите извори и потоци така да умреле сите жители на островот.
Еак во очај го замолил татко му Зевс за помош да му насели остров со луѓе кои ќе бидат работни и грижливи како мравки. Зевс му пратил сону во кој мравки прекриле храст, а кога Еак го затресол храстот, мравките попаѓале на земја и се претвориле во луѓе.
Кога Еак се разбудил око него имало луѓе, и тој ги нарекол Мирмодонци.[1].
Еднаш за време на голема суша Еак го замолил Зевса за помош, а тој му пратил дожд. Еак во знак на благодарност на Зевс му иѕградил храм во Егини, и му помогнал на Посејдон и Аполон да ги изградат тројанските ѕидини.
Славата и моќта Еак не ја изгубил ниту по својата смрт - станал со зевсовите синови Минос и Радамант, еден од судиите во подземниот свет Ад. Еак им судел на Европејците (Грците), Радамант на источњаците, а Минос го имал одлучувачкиот глас.[2].
Еаковиот син Теламон станал саламински крал и бил татко на Ајант и Теукро, а синот Пелеј станал фтијски крал и татко на најголемиот јунак во Тројанската војна, Ахил.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.