Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Душан Недељковиќ (с. Исаково, 18 мај 1899 - Белград, 29 јуни 1984 ) бил српски филозоф и етнолог.
Студирал во Франција, каде и докторирал на Сорбона во 1922 година. Од 1922 до 1941 година предава филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1939 година учествува во формирањето на Етнолошкото друштво во Скопје.[1]
Соработува со прогресивни луѓе од Македонија, меѓу кои и со Кочо Рацин. Во зимата 1939 година е исклучен од КПЈ поради неправилни ставови во однос на македонското национално прашање.[2] На 12 јануари 1940 година, заедно со тројца студенти од Филозофскиот факултет (Блажо Орландиќ, Антун Колендиќ и Борис Чушкаров), е испратен во концентрациониот логор во Билеќа.[3]
Во 1941 година повторно станува член на КПЈ и се приклучува на партизанското движење. По војната станува претседател на Државната комисија за утврдување на злочините на окупаторите и нивните помагачи.
Во 1946 година е избран за член на Српската академија на науките и уметностите. Станува професор на Филозофскиот факултет во Белград и во периодот од 1947 до 1949 година ја извршува функцијата декан. Во првите години по ослободувањето предава и на Филозофскиот факултет во Скопје.[4] Во 1974 година е избран за надворешен член на МАНУ.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.