област во Југоисточна Украина From Wikipedia, the free encyclopedia
Донечка Област (украински: Донецька область; исто така се нарекува и Донечшчина - украински: Донеччина) — област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Донецк, иако поради војната во Украина, администрацијата била пренесена во Краматорск.[4]
Област има вкупна површина од 26.517 км2. На запад се граничи со Запорошката и Днепропетровската Област, на север со Харковската Област, на југ со Азовско Море, а на исток со Луганската област и Русија. Во областа има 874 села и 52 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Миус и Лугањ.
Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Донечката Област го сочинуваат Украинците (56,87%), а остатокот го сочинуваат Руси (38,22%), Грци, Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.