Домус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Домус (лат. domus) била куќа во Стариот Рим и сите други градови во империјата која ја поседувале богатите патриции. (Средната класа и сиромашните живееле во станбени згради наречени инсули.) Домусот имал повеќе соби, и два внатрешни двора: атриум, кој бил средиштето на домусот, околу кои се наоѓале кубикулите (спални соби) и олтар за куќните богови, триклинум каде гостите лежеле на каучи и јаделе, таблинум (дневна соба, или работна соба) и продавници кои биле отворени нанадвор.
Во градовите, ширум Римското Царство богатите живееле во куќи со малку надворешни прозорци. Ова било за да се спречи бучавата од улиците. Богатите често ги издавале под наем двете предни соби од нивната куќа на трговци ако живееле на прометни улици. Богатиот римјанин живеел во голема куќа поделена на два дела, и поврзаа со таблинум или работна соба или пак мал ходник.
Главниот влез во куќата се наоѓал на улицата, и се состоел од двокрилна врата, зад која се наоѓал краток ходник кој водел во атриумот. Атриумот бил најважниот дел од куќата, каде се примале гостите и штитениците. Тој имал високи тавани и често имал малку мебел за ефект на голем простор. Во средиштето на таванот имало квадратeн отвор наречен комплувиум низ кој доаѓала дождовница, која се лизгала навнатре по ќерамидниот покрив. Директно под комплувиумот бил имплувиумот, кој бил плиток квадратен базен во кој се собирала дождовницата, и истиот често бил украсен со мермер. Околу него се наоѓал подот или мал мозаик.
Околу атриумот биле главните соби на семејството: мали кубикули или спални соби, таблинум или работна соба, и триклинум или трпезарија. Во главната спална имало дрвен кревет и кауч. Во секоја друга спална соба обично имало само кревет. Триклинумот имал три кауча околу една маса. Триклинумот често бил со слична големина на главната спална соба. Работната соба/таблинумот поврзувал соби. Ако господарот на куќата бил банкар или трговец таблинумот бил поголем заради чување на документација.
Во задниот дел од куќата се наоѓал перистил околу кој се наоѓале други соби. Перистилот била мала градина која била опкружена со колонада. Околу перистилот се наоѓале бањите, кујната и летниот триклинум. Кујната обично била многу мала соба со рабонта површина и печка. Богатите имале роб кој работел како готвач. На лето семејството јадело во летниот триклинум за да ја избегнат жештината. Најголемиот дел од светлината доаѓала од комплувиумот и отворениот перистил.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.