Домашен робот (куќен робот или домобот) е робот кој се користи за извршување на задачи во домаќинството. Досега постојат само малку вакви роботи, и тоа со ограничени можности, но писателите научна фантастика и некои стручњаци сепак тврдат дека ваквите работи ќе претставуваат секојдневие во не така далечна иднина. Во 2006 г. Бил Гејтс напишал статија за реномираното списание Scientific American со наслов „Робот во секој дом“.[1]
Многу домашни роботи се користат за вршење на основни секојдневни задачи во домаќинството. Вакви се Electrolux Trilobite, Roomba и роботот-правосмукалка на Neato Robotics заснован на системот за истовремено пронаоѓање и шематско планирање (SLAM). Постојат и забавни роботи, како HERO (1980-ти) и AIBO. Највеќето домашни роботи се едноставни, но некои се поврзуваат на безжична домашна мрежа (WiFi) или пак со „паметни околини“ и имаат висок степен на самостојност. Во 2006 г. имало околу 3.540.000 услужни роботи, наспроти 950.000 индустриски роботи истата година.[2]
Робот за диплење на крпи (сè уште не е пуштен во продажба)[6].
Носење и преместување
Главна статија: Роботско шематско планирање
Пренесувањето на предмети во домот е главен елемент на домашната роботика, бидејќи роботите ги поврзуваат наменски постапки, преместуваат предмети (на пр. алишта од соба во перална машина или чаши од маса во машина за садови). Ова роботите го постигнуваат со помош на шематско планирање (англ.robotic mapping). Еве некои примери за такви роботи:
STR (од Iberobotics). Има безжичен и USB приклучок за домашна (домотичка) мрежа.
Во 2006 г. Sharp изјавиле дека конструирале човековиден робот што ги прибира чиниите од маса и ги става во машина за миење. Има димензии од 95x50x45 cm[7].