Долно Јеловце
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Јеловце — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Долно Јеловце | |
Координати 41°48′10″N 20°50′8″E | |
Општина | Гостивар |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 07031 |
Надм. вис. | 901 м |
Долно Јеловце на општинската карта Атарот на Долно Јеловце во рамките на општината | |
Долно Јеловце на Ризницата |
Долно Јеловце е сместено на пазувите на Шар Планининскиот масив или поточно на планината Враца, на надморска височина од 1.050 метри.
Најстариот пронајден податок за постоење на Д. Јеловце датира од 1568 година од турските архиви во кои стои дека селото се викало Јелов Дол. Според турскиот попис во селото живееле 15 семејства сите со православна вероисповед. Не е познат бројот на жители, но се наведува дека 13 биле неженети и дека заради тоа плаќале данок на султанот. Насалението се занимавало претежно со сточарство и земјоделство.
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Најголем број на жители кои живееле во Долно Јеловце бил 520. По Втората светска војна голем дел од селаните својата издршка ја нашле со заминување на печалба во Романија, Србија и др.
Во манастирските конаци отворен е национален ресторан „Конак“ во кој гостите уживаат во специјалитетите приготвени по рецепти токму од овој крај. Во самите конаци и во конаците пред црквата Св. Ѓорѓија има апартмани за сместување на сите добронамерници без разлика на вера и вероисповед. Сите апартмани располагаат со засебни бањи.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Јеловце живееле 522 жители, од кои 375 Македонци и 147 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Јеловце имало 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Долно Јеловце е дел од Долнојеловска општина (со центар во Здуње) во Горнополошкиот срез и има 57 куќи со 405 жители, Македонци и Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 100 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Јеловце живеат 10 жители, Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 522 | 448 | 407 | 426 | 373 | 190 | 64 | 20 | 18 | 10 | 3 |
Долно Јеловце е македонско село, а порано имало и Албанци во селото.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Се прават напори селото економски да заживее во областа на туризмот, бидејќи располага со прекрасна недопрена и еколошки чиста средина. Во моментов единствен сместувачки капацитет се конаците во манастирскиот комплекс Св. Илија кој располага со 22 легла и етно ресторан во кој се служат специјалитети карактеристични за овој крај.
Во селото постои избирачкото место бр. 533 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горно Јеловце.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14]
Во Долно Јеловце постојат три светилишта од кои две се наменети на пророкот Свети Илија (заштитник на селото), а едно на Свети Ѓоѓија. Податоци за изградба на двете цркви наменети на пророкот Илија не се познати. Манастирот Свети Илија е возобновен на темелите на стариот во 2004 година кога се удрени и темелите на конакот.
Од памтивек па сѐ до денес, во селото се одржуваат неколку црковни манифестации. Јануари е месец кога се слави денот Водици. Во април на местото каде се наоѓа светата вода (кај манастирот Свети Илија) се слави денот Источен Петок - Балаклија. На 2 август е славата наменета на заштитникот на селото пророкот Илија - Илинден. Ова е најголемиот македонски православен празник кога по традиција сите јеловчани доаѓаат да се забавуваат во манастирскиот двор и да го слават името на пророкот Илија.
Денес, Долно Јеловце — село во кое постојано живее 1 жител. Но сепак, поради близината, а и убавата местоположба, често е посетувано за време на викендите. Најголемиот дел од јеловчаните иселен е во градот Гостивар, а остатокот во Скопје. Надвор од границите на Македонија најмногубројни се во Србија, а помал дел во Романија, Америка и др.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.